АНАЛИЗА: ОД РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ДО РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА
➢ Актуелно (26.08.2020)
👁 Прочитано: 2348


КАКО РАЗВОЈНИТЕ ФОНДОВИ ГО ПОДДРЖУВААТ ПРОЦЕСОТ НА РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН?
АНАЛИЗА: ОД РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ДО РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА

Последните неколку години, Европската унија и европските и американските развојни агенции вкупно инвестирале околу 6 милијарди евра во бројни проекти во земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија). Гледано во однос на регионалното население, низ последните шест години вкупните инвестиции изнесуваат најмалку 2100 евра по глава на жител. Соочувањето на овие проекти покажа дека повеќето, посебно во приватниот сектор, се на државно ниво и дека досега има споредбено помала финансиска поддршка за меѓурегионални проекти за економска соработка.

Истовремено, постојат докази дека инвестициите на ЕУ, како и квалитетот и квантитетот на сообраќајната инфраструктура, имаат статистички значаен позитивен ефект врз растот на БДП во Западен Балкан. Затоа, еден од предлозите е максимално да се искористи финансиската поддршка од ЕУ на  полето на инфраструктурни проекти коишто неизбежно ќе му овозможат на регионот премин од економска соработка меѓу одделни пазари на економска интеграција. Еден аспект е заеднички настап на земјите од Западен Балкан на други пазари.

Со цел подетален преглед на проектните активности и искористеноста на средствата од развојните фондови во земјите од Западен Балкан, Коморскиот инвестициски форум во рамки на проектот за Коморско партнерство за Западен Балкан, направи кратка анализа којашто можете да ја најдете на следниот линк: Економски развој во ЗБ6- Анализа на проектни активности.pdf .

 

м-р Сања Николова
стручен соработник во Стопанска комора на Македонија