„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
16.06.2025
Центарот за микро, мали и средни претпријатија при Стропанската комора денеска ја промовираше дигиталната платформа за ММСП „ONE STO DIGITAL“, наменета за микро, малите и средни препријатија, кои преку мобилна апликација ќе имаат брза и едноставна достапност на сите коморски услуги во интерес на деловниот амбиент.
Оне стоп дигитал центар е платформа односно алатка која е поддржана и овозможена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Идејата произлезе по контстатирање на потребата на компаниите на едно место да се инкорпорираат сите информации лесно достапни на веб-платформа и апликација на мобилни уреди. Тоа ќе претставува алатка за лесна комуникација и поврзаност која ќе дава но и ќе разменува информации.
Фокусот на ММСП значи економски развој, одржливост и извор на иновативност. Затоа како комора работиме на сè поголема подршка и фокус како подобро и побрзо да ги доближиме до потребните информации и ги вклучиме во партиципирање на сите процеси.
Настанот го отвори претседателката на Центарот за микро, мали и средни претпријатија Габриела Кулебанова која истакна дека, дигиталната платформа за ММСП е изработена со поддршка на ЕБОР и истата ќе може да ја користат само копаниите членки со нивно логирање за што ќе добијат посебена лозинка.
Во своето обраќање до компаниите таа истакна дека улогата на оваа група доминатни компании по број и вработени во секоја економија имаат значајна улога. Ова се најбрзо растечки компании, како форма на делување, вработуваат многу лица, а од друга страна поради тоа што немаат поединечно многу вработени често се соочуваат со неможност физички да се присутни на места каде се случуваат бизнис настани, а уште помалку можат да следат што се работи на дневно ниво преку отворање класично на веб-страната на Комората, затоа преку мобилната апликација Комората односно Центарот за ММСП се приближува до фирмите и им овозможува на брз и едноставен начин да имаат достапност до разните форми на информации од бизнис делувањето.
Во соработка со Центарот за поддршка на ММСП при Стопанската комора на Севрна Македонија, Европската банка за обнова и развој поддржа проект за имплементација на дигитална платформа во која на едно место малите и средни компании ќе имаат пристап до дневни информации важни за нивното работење, раст и развој, истакна Соња Ингилизова од ЕБОР, додавајќи дека дигитализацијата е приоритет на ЕБОР и овааа соработка е целосно усогласена со нивната стратегија.
Илија Серафимов, преку фирмата „Серафимов Груп“ со финансиската подршка на ЕБОР ја изработи оваа платформата. Присутните компании преку презентација на платформата ги воведе во содржините и функционалноста на истата.
Вториот дел од настанот беше работна состанок со директорот на Царинската управа на Република Северна Македонија, Бобан Николовски, за актуелни теми од интерес на бизнисот, за што во изминатиот период беше процесирана и мини анкета до членките за изјаснување на проблемите со кои се соочуваат и потребите за подобрување на протокот на стоки и услуги.