„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Повици

23.09.2025

29 отоврени повици во рамки на LIFE Програмата

(The LIFE Programme) е финансиски инструмент на Европската унија кој служи за поддршка на проекти поврзани со животната средина, климатските промени и одржливиот развој. Постои од 1992 година и е една од најважните програми за спроведување на политиките на ЕУ за заштита на животната средина и климата.

Целта на програмата е финансирање проекти кои придонесуваат кон имплементација и развој на еколошките и климатските политики на ЕУ.
 Времетраењето на програмата е предвидено во интервалот од 2021 до 2027 година.
 LIFE се состои од четири подпрограми: Природа и биодиверзитет, Циркуларна економија и квалитет на живот, Ублажување и прилагодување кон климатските промени, Транзиција кон чиста енергија.
 Од 24ти април отворени се 29 посебни повици за аплицирање од кои наведуваме неколку и тоа:

·         Природа и биодиверзитет - Стандардни акциони проекти (SAP) (LIFE-2025-SAP-NAT)

·         Циркуларна економија и квалитет на живот - Стандардни акциони проекти (SAP) (LIFE-2025-SAP-ENV)

·         LIFE Проекти за решавање на ad hoc законодавни и политички приоритети (PLP) (LIFE-2025-PLP)

·         Циркуларна економија и квалитет на живот - Стандардни акциони проекти (SAP) (LIFE-2025-SAP-ENV)

·         Стратешки проекти за природа и интегрирани проекти (SNAP/SIP) (LIFE-2025-STRAT-двостепена)

·         Техничка помош за репликација (LIFE-2025-TA-R)

 

Крајниот рок за аплицирање е 23ти септември 2025 година до 17 часот.

 

Сите 29 повици како и формуларите за апликација може да ги најдете на следната веб страна.

 
 
 
За повеќе информации, Ве молиме контактирајте го лицето наведено подолу.
 
 

Контакт лице: м-р Мартин Стрезоски
експерт

Телефон: + 389 2 32440198,
Е-адреса: martin@mchamber.mk