„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
21.06.2025
На крајот од истекот на мандатот како главен извршен директор на Македонски Телеком АД Скопје, Никола Љушев достави до претседателот на Стопанската комора Бранко Азески официјално известување, изразувајќи благодарност за досегашната поддршка на Комората, со надеж дека таквата соработка ќе продолжи и во иднина на взаемен интерес. Тој посочи дека новиот главен извршен директор г-дин Горан Марковиќ да биде соодветно вклучен наместо него во телата на Комората како претставник на Македонски Телеком.
Целата содржина на известувањето гласи:
Почитуван Претседател на Стопанска Комора г-дин Азески, Би сакал да Ве информирам дека мојот мандат како Главен извршен директор на Македонски Телеком АД-Скопје истекува на крајот на овој месец и мојот колега и наследник, г-дин Горан Марковиќ, ја презема функцијата од почетокот на јули 2025. Со оглед на оваа промена, би сакал да замолам новиот Главен извршен директор г-дин Горан Марковиќ да биде соодветно вклучен наместо мене во телата на Комората како претставник на Македонски Телеком. Ви благодарам на довербата која ми ја укажавте со ангажманот во Управниот Одбор на Комората во изминатите 7 години и на членството во Собранието на Комората. Воедно, би сакал да се заблагодарам во свое лично име и во име на Компанијата на поддршката која ја добивавме од Стопанската Комората во изминатиот период во консултации со извршната власт и во неколкуте судски постапки пред Уставниот Суд. Сигурен сум дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму со новиот Главен извршен директор на Македонски Телеком, г-динот Горан Марковиќ. Со почит, Никола Љушев |