„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Италијанско - Македонски Бизнис Форум 2025 (Проекти, инвестиции и можности за бизнис соработка)

17.06.2025 - 02.07.2025 , Форум

хотел Александар Палас, Скопје

 Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Италијанската агенција за трговија (ITA), Амбасадата на Република Италија во Скопје и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, ве поканува да учествувате на Италијанско - Македонскиот Бизнис Форум на тема „Деловни можности и инвестиции“, што ќе се одржи на 2 јули 2025 година, во хотел Александар Палас, Скопје.

Форумот ќе опфати презентации и дискусии во следните сектори:

• Инфраструктура

• Енергетска транзиција и циркуларна економија

• Технолошки иновации и Индустрија 5.0

Програмата на настанот предвидува пленарна сесија со обраќање на високи претставници на Владата на Р. Италија и Р. Северна Македонија, како и експерти кои ќе ги претстават главните проекти и достапните финансиски инструменти за поддршка на инвестициите и соработката.

Предвидено е учество на бизнис делегација од Италија, која покрај италијански компании од горенаведените сектори ќе вклучи и претставници на италијански и меѓународни финансиски институции. Настанот нуди можност за вмрежување со B2B и B2G средби помеѓу македонски и италијански фирми.

Учеството на форумот е бесплатно, но регистрацијата е задолжителна.

Регистрирајте се на следниот линк: https://docs.google.com/.../1FAIpQLSfSwrheEq7b14.../viewform

За дополнителни информации, ве молиме контактирајте нè на:

е-пошта: sanja@mchamber.mk

телефон за контакт: 071/239-452        02 3244-091

Контакт лица:

Сања Николова

е-пошта: sanja@mchamber.mk

071/239-452        

02 3244-091