„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
11.06.2025 - 02.07.2025 , Семинар
Стопанска комора на Северна Македонија, сала 3 на 3-ти кат
Стопанската комора на Северна Македонија на 2 јули 2025 година организира еднодневен семинар на тема: ЕМОЦИОНАЛНО ИНТЕЛИГЕНТНО ЛИДЕРСТВО КАКО НАЧИН ЗА ВОДЕЊЕ НА НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ НА ВРАБОТЕНИ.
Компаниите денес се соочуваат со голем предизвик. Во исто време имаат вработени од повеќе генерации. Сите тие имаат различни мотивациски модели, други приоритети, различен начин на размислување и потреби.
Тоа може да креира многу тензија во тимовите, збунетост кај лидерите, намалена ефикасност и мотивација.
Затоа е важно да се разберат карактеристиките на секоја генерација и лидерите да се оспособат правилно да ги водат, мотивираат и насочуваат.
Семинарот е наменет за сите вработени во приватниот и јавниот сектор од продавачи до менаџери во компаниите, управители на друштва, вработени во секторите за управување со човечки ресурси и бизнис развој, маркетинг, тимско управување, бренд менаџери, логистика, предприемачи, како и за сите останати кои сакаат да го усовршат и надградат своето знаење со нови вештини.
- Какви генерации постојат?
- Кои се карактеристиките на различните генерации (вредности, потреби, пристап кон животот, работата, мотивациски системи...)?
- Зошто постојат разлики кај генерациите?
- Што е важно во лидерскиот пристап кон различните генерации?
- Што е клучно да развие организацијата за да може да привлече и задржи вработени од новите генерации?
- Што е психолошка безбедност и зошто е важна?
- Каква организациска култура ни е потребна за да привлечеме и задржиме вработени од различни генерации?
- Современи лидерски стилови и примена на коучинг во работа со различни генерации.
- Стратегии за работа со тимови во кои има членови од различни генерации.
Практичен дел: Активни вежби со интерактивно учество, практични реални примери и решавање на ситуации.
- Предавачи:
Проф.д-р Лазар Ѓуров, е еден од ведечките консултанти и обучувачи за лидерство во нашата земја. Неговите обуки се практични, инспиративните, јасни и применливи. Лазар силно верува во потенцијалот на луѓото и дава голема поддршка да се случи развој кој ќе ги движи работите кон прогрес и успех.
- Николина Крстаноска, е психилог кој посветено ја истражува човековата природа. Во моментот е вклучена во едукација за Гешталд терапија. Како претставник на Z генерацијата таа од многу блиска перспектива може да ги донесе разликите на генерациите и начинот на кој можеме да се поврземе и да работиме со нив.
- Електронски работен материјал;
- Сертификат за присуство;
- Ручeк и освежување;