Македонски Телеком организира серија бизнис вебинари посветени на дигиталните алатки
👁 Прочитано: 737



Македонски Телеком организира серија бизнис вебинари посветени на дигиталните алатки

Со цел подобро запознавање со дигиталните алатки коишто им стојат на располагање на современите претприемачи, Македонски Телеком организира вебинари на кои претставниците на бизнисите ќе можат да научат нешто повеќе за нив. Преку презентирање на услугите и алатките, како и споделување на кориснички искуства, Телеком ќе ви го покаже патот до дигитално осовременување на вашиот бизнис.

– Првиот вебинар, предвиден за демонстрирање Доверливи услуги (Дигитални сертификати, Временски печат и Портал за дигитално потпишување) имате можност да го проследите на 14.07.2020 или 16.07.2020, додека вториот, на кој ќе се демонстрира Telekom МК App, е предвиден за 23.07.2020 година. Пријавувањето ќе може да биде извршено на следната адреса: https://www.telekom.mk/vebinari.nspx. Секој од вебинарите предвидува учество на максимум 60 учесници, затоа бидете брзи, истакнаа од Македонски Телеком.

Од Компанијата наведоа дека за повеќето успешни бизниси, дигиталните алатки како Дигитални сертификати и Временски печат се добро познати и веќе се употребуваат во секојдневните работни процеси. Тие не само што заштедуваат време, туку ја олеснуваат работата и се далеку побезбедни од досегашните традиционални начини на менаџирање со доверливи документи.

– Изминатиот период можевме да видиме голем број успешни приказни на бизниси кои лесно „ги прескокнаа“ предизвиците и се приспособија на новиот начин на работа, а тоа ни покажа дека технологијата е наш пријател доколку знаеме како да ја користиме. Овие приказни не треба да останат аномалија, туку мора да бидат што почести, со цел да го зацврстиме и стабилизираме нашиот пазар во она што многумина почнаа да го нарекуваат „новото нормално“. Применувањето поврзани технологии и проверени дигитални алатки ќе ви даде предност на пазарот. Затоа, да ја користиме технологијата за добро, потенцираа од Македонски Телеком.

Служба за информирање при Комората