По две децении воведена директна авиолинија Белград – Приштина

   

➤ Вести (21.01.2020)
👁 Прочитано: 768


По две децении воведена директна авиолинија Белград – Приштина

Преземено од Фактор.мк

Авторитетот на цивилното воздухопловство на Косово (ААЦ) прими денеска, на церемонија во амбасадата на САД во Берлин, писмо со намери од авио-компанијата Луфтханза за отворање авионска линија меѓу главните градови на Косово и на Србија.

Косовскиот претседател Хашим Тачи преку објава на Фејсбук им се заблагодари за придонесот за постигнување на договорот на амбасадорот на САД во Германија Ричард Гренел и на советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Роберт О’Брајан, кој исто така присуствуваше на церемонијата во Берлин.

Премиерот во должност на Косово, Рамуш Харадинај на Твитер напиша дека ова е гигантски чекор напред за унапредување на добрососедските односи.


Американски дипломати присуствуваа на денешното потпишување на договорот меѓу Србија и Косово за воспоставување директна авионска линија меѓу Белград и Приштина.

Комерцијалните летови меѓу Белград и Приштина запреа пред 21 година, односно од завршувањето на крвавата војна во бившата српска покраина.