НОВ ПРАВИЛНИК ЗА ПОСТАПКАТА И МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА ОЦЕНУВАЊЕТО НА ПРОЕКТИ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 46 ОД 18 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 39 став (3) од Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на Република Македонија“ број 63/07, 187/13, 43/14, 215/15 и 64/18), министерот за локална самоуправа, донесе

- Правилник за постапката и методологијата за оценувањето на проекти

Со овој правилник се пропишува постапката и методологијата за оценувањето на проектите за развој на планските региони, проектите за развој на подрачјата со специфични развојни потреби и проектите за развој на селата.

Со влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за постапката и методологијата за оценувањето на предлог-проекти („Службен весник на Република Македонија“ број 183/14).

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 31 мај 2020 година.

 


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје