ПРОГРАМА ЗА МОНИТОРИНГ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ ЗА 2020 ГОДИНА МАТЕРИЈАЛИ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 41 ОД 15 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 76а став (7) од Законот за безбедност на храната за животни („Службен весник на Република Македонија“ бр. 145/10, 53/11, 1/12, 33/15, 149/15 и 53/16), Владата на Република Северна Македонија, донесе

- Програма за мониторинг за безбедност на храна за животни за 2020 година

Co оваа програма се врши мониторинг на безбедноста на храната за животни заради откривање на присуство на резидуи, контаминенти и недозволени или непожелни супстанции, суровини и производи во храната за животни.

Цел на оваа програма е утврдување на одредени несообразности во однос на прописите за безбедност на храната за животни. Оваа програма се применува во сите фази на производство, преработка и дистрибуција на храната за животни, co исклучок на примарното производство на храна за животни наменети за исхрана на животни кои се одгледуваат за производство на храна за луѓе за сопствени потреби во домаќинството.

Co оваа програма ќе се спроведат 510 аналитички испитувања, за утврдување на микробиолошката исправност на храната за животни, одредување на нивото на непожелни супстанции во храната за животни и утврдување на присуството на забранети супстанции во храната за животни согласно Правилникот за општи и посебни барања за безбедност на храната за животни, Правилникот за листа на непожелни супстанции во храната за животни и максимално дозволено ниво како и критичните точки за спроведување на истражување за идентификација на изворот и причините за пречекорување на максимално дозволеното ниво, Правилникот за начинот и постапката на земање примероци, начин и методи на вршење на лабораториски анализи на храната за животни и Листата на суровини, материјали и други производи чие ставање во промет и употреба се забранети.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје