Компанијата „Хуавеј” повика на зголемена сигурност на податоците
➢ Актуелно (11.09.2020)
👁 Прочитано: 738



Компанијата „Хуавеј” повика на зголемена сигурност на податоците

Компанијата „Хуавеј“ ги повика сите држави, кога станува збор за Глобалната иницијатива за сигурност на податоците, дека подеднаква важност даваат на развојот и сигурноста и дека заземаат урамнотежен пристап кон технолошкиот напредок, економскиот развој и заштитата на националната безбедност и јавните интереси. Според „Хуавеј“, државите би требало да го негуваат отвореното, чесното работно опкружување со цел да постигнат взаемна корист и заеднички развој, а истовремено државите имаат одговорност и право да обезбедат сигурност на важни податоци и лични информации, кои се однесуваат на нивната национална, јавна и економска безбедност и социјална сигурност.

Ги повикуваме владите, меѓународните организации,  ИКТ-компаниите, технолошките заедници, граѓанските организации, поединците и сите останати актери со заеднички труд да учествуваат во унапредувањето на безбедноста на податоците, врз основа на опсежна консултација, заеднички придонес и корист. Сите страни би требало да ги подобрат дијалогот и соработката, засновани на взаемно почитување, како и да ги здружат силите во создавање општество со заедничка иднина во сајбер-просторот, кој вклучува мир, сигурност, отвореност, соработка и ред, се наведува во соопштението компанијата „Хуавеј“.

Операторите на информационо-комуникациски услуги треба да се обврзат дека навремено ќе ги известуваат своите партнери и корисници за сериозноста на слабите точки на своите производи и ќе понудат начин на решавање на проблемите. Ги повикуваме сите држави и глобални информационо-комуникациски компании да ги поддржат овие иницијативи и да ги потврдат обврските од билатералните, регионалните и меѓународните договори, наведуваат од компанијата „Хуавеј“.

Служба за информирање при Комората