Online Бизнис средби 08.10.2020 - 09.10.2020 за учество на „виртуелен“- он-лине брокерски настан - The VIRTUAL BROKERAGE EVENT - INNOVATION VILLAGE 2020- VBE-IV2020

Кампаниа, Италија

ПОКАНА
за учество на „виртуелен“- он-лине брокерски настан (Кампаниа, Јужна Италија)
(“The VIRTUAL BROKERAGE EVENT - INNOVATION VILLAGE 2020- VBE-IV2020“)
8-9.10.2020 година
https://vbe-iv2020.b2match.io/)

Стопанската комора на Македонија во рамки на ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи од Италија, и во соработка со ЕНЕА, партнер на Конзорциумот BridgEconomies на Enterprise Europe Network од Кампаниа, Јужна Италија, Ве покануваат да земете учество на претстојниот „виртуелен“- брокерски настан-VIRTUAL BROKERAGE EVENT @ INOVA VILLAGE 2020. (https://vbe-iv2020.b2match.io/).

Виртуелниот настан претставува одлична можност на дводневни билатерални он-лине состаноци меѓу компаниите, универзитетите, истражувачките центри и други засегнатите страни, посветени на прашањата за одржлив развој, кружна економија и интелигентна енергија, со цел идентификување на можностите за технолошко и трговско партнерство, започнување соработка со проекти и истражувачки проекти, нови бизнис можности и нови пазари.

VBE-IV2020 се однесува на малите, средни и старт-ап претпријатија, на универзитети, истражувачки центри и засегнати страни вклучени во следниве теми:

1. Кружна економија (еко дизајн; ефикасно користење и управување со ресурсите во производните процеси; рециклирање на отпадни материјали; интегрирано управување со водните ресурси)
2. Интелигентна енергија (обновлива енергија; енергетска ефикасност; паметна мрежа и складирање на енергија; паметен град и урбана мобилност).

Учеството на настанот е бесплатно. Со пријавување на „онлајн“-платформата, ќе имате можност подетално да се запознаете со профилите на останатите учесници, по што сами ќе можете да ја креирате својата агенда и да ги договорите билатералните состаноци. 

Виртуелниот настан ќе се одржи во периодот од 8-9 октомври 2020 година. Рокот за пријавување е најдоцна до 2 октомври 2020 година, на следниот линк:  https://vbe-iv2020.b2match.io/.

Напомена: За учество на настанот потребно е да имате: ажуриран веб пребарувач, микрофон и веб-камера.

Подетални информации во врска со настанот можете да најдете на нивната официјална веб-страна: https://vbe-iv2020.b2match.io/.

ЕЕН мрежата на Италија ви нуди поддршка пред, за време и по настанот, на пр. со тоа што ќе ви помогне да формирате информативен профил за соработка со компаниите.


Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009


Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 30.10.2020
ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА Е-ПРОДАЖБАТА
Семинар, 30.10.2020
ОСНОВИ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ ИНФРАСТРУКТУРА ВО КОМПАНИИТЕ
Online Бизнис средби, 02.11.2020
„Textile Fashion Tech “ МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ЗА ТЕКСТИЛ
Online Бизнис средби, 03.11.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО РАМКИТЕ НА САМИТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ „SECURITY SUMMIT 2020“
Online Бизнис средби, 04.11.2020
ВИРТУЕЛЕН НАСТАН ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ „VIRTUAL MATCHMAKING EVENT“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЕНЕРГИЈА „EIF WORLD ENERGY CONGRESS AND EXPO“
Online Бизнис средби, 04.11.2020
„Онлајн“ саем и b2b деловни средби за метало преработувачки сектор на тема: Match & Innovate 2020
Семинар, 10.11.2020
ПРИМЕНА НА ОПШТАТА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЕУ(GDPR) И НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ПРАКСА
Семинар, 12.11.2020
ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS
Семинар, 13.11.2020
Онлајн семинар: КОРИСНИ АЛАТКИ ОД EXCEL 2016 ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“
Семинар, 19.11.2020
МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИ
Семинар, 25.11.2020
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ НА ВРАБОТЕНИ, БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ, ДАНОК НА ДОХОД И МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ
Online Бизнис средби, 01.12.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „GREEN DAYS“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕНЕРГИЈА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА „POLLUTEC“
Online Бизнис средби, 02.12.2020
Виртуелен настан: „Match4Industry Business Matchmaking Event“