Семинар / 21.02.2020

ОСНОВИ НА E-MAIL МАРКЕТИНГ

Стопанска комора на Македонија


   

 

Еднодневен семинар на тема:

ОСНОВИ НА E-MAIL МАРКЕТИНГ

21.02.2020 година (петок)
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

E-mail маркетингот претставува една од најстарите и најисплатливите форми на дигиталниот маркетинг со повратна инвестиција од $43 за секој долар кој е потрошен во светски рамки. Сите успешни компании ја знаат вредноста и користат e-mail маркетинг за добивање нови, но и негување на односите со постоечки клиенти. За да се остане во чекор со конкуренцијата или да се отскокне од истата, потребно е компаниите да бидат свесни за големите можности кои ги нуди e-mail маркетингот.  

Употребата на e-mail маркетинг носи мерливи резултати и овозможува прилагодување на компаниите на потребите на пазарот.  За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 21 февруари 2020 година, организира еднодневен семинар на тема: „Основи на e-mail маркетинг“. Овој семинар ќе пренесе теоретски и практични совети за тоа како компаниите да ги користат e-mail маркетинг платформите и најдобрите практики, за да постигнат полесна пенетрација на пазарот и зголемена продажба.

Семинарот ќе ги опфати основите на e-mail маркетинг, како и елементи на кои треба да се внимава при користењето. Дополнително, учесниците ќе имаат можност во пракса да видат како се одвива процесот на сетирање e-mail кампања и читање на резултати.

За кого е наменет овој семинар?

Овој семинар е наменет за претставници на маркетинг секторот во компаниите, како и за сите сопственици на бизниси кои сакаат подобро да разберат како да ги промовираат своите производи и услуги преку e-mail маркетинг.


ПРОГРАМА

ПРВ ДЕЛ:
I. Основи на e-mail маркетинг:

● Што претставува e-mail маркетинг и за што се користи;
● Односот на e-mail маркетинг со другите алатки на дигиталниот маркетинг;
● Типови на e-mail маркетинг;
● Најкористени платформи и нивни функционалности;

ВТОР ДЕЛ:
II. Публики и процес на креирање e-mail кампања

● Собирање на податоци и сегментирање на публики;
● Компоненти на креирање на e-mail кампања:
  - Subject Line
  - Email body

ТРЕТ ДЕЛ:
III. Практичен дел за креирање на e-mail кампања на одбрана платформа:

● Сетирање и креација на e-mail кампања;
● Читање на резултати од e-mail кампањата;

ЧЕТВРТ ДЕЛ:
⮚ Споделување на резултатите од вежбата, практични совети на предавачот.

Предавачи:  

- Ивана Јовановска, менаџер за e-mail маркетинг во Vrootok – маркетинг и консалтинг. Покрај искуството во областа на дигитален маркетинг Ивана има и работно искуство во секторот за продажба. Во Vrootok, таа работи со клиенти од светот и активно учествува во остварување на нивните бизнис и продажни цели преку креирање на оптимизирани e-mail кампањи.

- Теодора Николовска, сопственик на Vrootok – маркетинг и консалтинг, маркетинг консултант и тренер. Теодора има седумгодишно работно искуство во областа на маркетинг, од кои веќе три години работи со клиенти од светот. Како консултант, главни области кои ги опфаќа се дигитален маркетинг, развој маркетинг стратегија, координација на маркетинг процеси и продажба.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
− работен материјал;
− ручeк и освежување;
− сертификат за учество на семинарот.

Последен рок за пријавување на семинарот: 18.2.2020 година

Семинари

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.02.2020
ОСНОВИ НА E-MAIL МАРКЕТИНГ
Семинар, 21.02.2020
КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ГРЕШКИ НА ПОНУДУВАЧИТЕ И ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ - ПРИЧИНИ ЗА ЧЕСТИ ПОНИШТУВАЊА И ОБЖАЛУВАЊА НА ТЕНДЕРИТЕ
Семинар, 24.02.2020
КАМАТНИ ПОБАРУВАЊА И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ, СПЕЦИФИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЗАКОНСКА И ДОГОВОРНА КАМАТА И ДОГОВОРНА КАЗНА
Семинар, 25.02.2020
ВЕШТАЧЕЊЕТО КАКО ДОКАЗ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
Семинар, 26.02.2020
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Семинар, 11.03.2020
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)
Семинар, 12.03.2020
ЗАКОНСКИ РОК ЗА НИШТЕЊЕ ДОКУМЕНТИ/ЗАПИСИ СО ИЗМИНАТИ РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ
Семинар, 16.03.2020
ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС
Семинар, 19.03.2020
ПОИМ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ПОВРЕДИ НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби - ЕЕН, 19-20 март 2020 година, во Кочаели, Турција
Конференција, 01.04.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 1-3 април 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина