Средби, Семинар, Обука, Настан
   
31.10.2019
Семинар
НИШТОВНОСТ НА ТРАНСАКЦИИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ, ПОБИВАЊЕ НА ДОЛЖНИКОВИ ПРАВНИ ДЕЈСТВИЈА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА СТЕЧАЈ
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневен семинар на тема:
 
НИШТОВНОСТ НА ТРАНСАКЦИИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ, ПОБИВАЊЕ НА ДОЛЖНИКОВИ ПРАВНИ ДЕЈСТВИЈА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА СТЕЧАЈ

31 октомври 2019 година (вторник)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат

 

Стопанската комора на Македонија, на 31 октомври 2019 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на законските одредби, анализа на судската пракса, како и дилеми кои во пракса ги предизвикуваат законските одредби кои ги регулираат условите за ништовност на трансакции според Законот за извршување, условите за побивање на должникови правни дејствија според Законот за облигационите односи и според Законот за стечај.

Предмет на анализа ќе бидат одредбите од Законот за извршување, Законот за облигационите односи и Законот за стечај кои се однесуваат на насловната тема. Ќе биде презентиран дел од судската пракса во Република Северна Македонија преку референтни одлуки, како и правните дилеми кои произлегуваат од практичната примена на законските одредби и честопати невоедначената судска пракса, која се појавува заради различното толкување на законските одредби, како и заради несоодветно поставени тужбени барања од странките во постапките.

На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите размислувања, ставови и  проблеми во врска со практичната имплементација на   одредбите на наведените закони.

ПРОГРАМА:


Ништовност на трансакции согласно одредбите на Законот за извршување:
- поим на трансакции во смисла на Законот за извршување;
- кога се смета дека постојат законски претпоставки за утврдување на ништовност на трансакции;
- како треба да гласи изреката на пресудата за утврдување на ништовност на трансакција;
- дали постои разлика помеѓу ништовност на правни дела согласно Законот за облигационите односи и ништовност на трансакција?

Побивање на должникови правни дејствија согласно Законот за облигациониот односи;

Побивање на должникови правни дејствија согласно Законот за стечај;

Сличности и разлики во законските услови за побивање на должникови
  правни дејствија според двата закона;

Судска пракса.


Целна група: 
Семинарот е наменет за вработените во правните служби на друштвата, законските застапници, адвокати, стечајни управници и сите заинтересирани за областа која ја покрива семинарот.

Предавач:

Татјана Сусулеска, судија при Апелациониот суд - Битола, која работи во граѓанскиот оддел на граѓански и трговски спорови, постапки за стечај, вонпарнични постапки, како и постапки по жалба против решенија донесени по приговори против незаконитости во постапките за извршување. Претседател е на Одделот за судска пракса на истиот суд, предавач во почетна и континуирана обука на судии и јавни обвинители на Академијата за судии и јавни обвинители, автор на повеќе стручни трудови од областа на трговското право и стечајот.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до  28 октомври 2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244067
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје