Бизнис средби 06.11.2019 - 07.11.2019 Меѓународни деловни средби „Match4Industry“ 6-7 ноември 2019 година, Кочаели, Турција

во САНТЕК саемот за индустрија и технологија, во Кочаели, Турција


   

Меѓународни деловни средби „Match4Industry“ 
https://m4i2019.b2match.io/
        6-7 ноември 2019 година, Кочаели, Турција

Стопанската комора на Македонија, преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на Меѓународните деловни средби „Match4Industry“, што ќе се одржат на 6-7 ноември 2019 година, во  САНТЕК саемот за индустрија и технологија, во Кочаели, Турција.

„Match4Industry“ е дел од "Doing Business Onsite", единствен концепт на вмрежување на заинтересирани клиенти за директни средби во компаниите на водечките автомобилски компании, нудејќи им на учесниците можност од прва рака да го набљудуваат деловното опкружување на Кочаели.
 
Учесниците на „Match4Industry“, ќе имаат можност, да се запознаат со најновите технологии и идни трендови во следниве области:

- набавка на автомобили,
- метал и машини,
- пластика и гума,
- тир,
- хемиски производи за автомобили (бои, лакови и производи за нега),
- градежни и градежни материјали,
- енергија,
- животна средина,
- електроника,
- информациски и комуникациски технологии.

Како услуги вклучени се:
- локални трансфери до местото на одржување на состаноците,
- превод ( од англиски на турски и обратно),
- ручеци, освежување и вечера за добредојде,
- сместување.

Трошоците за сместување (3 ноќевања во хотел со 5 ѕвезди), ќе бидат покриени од страна на турското Министерство за трговија на само еден учесник од компанија. Учесниците своите барања ги поднесуваат до Стопанската комора на Македонија и до турскиот комерцијален аташе во нашата земја. 

 Во прилог се програмата и дополнителни информации за настанот, а следниот линк ве води директно на веб-страната на настанот каде можете електронски да се регистрирате: https://m4i2019.b2match.io/, најдоцна до 25.10.2019 година.
 
Успешното пријавување и регистрирање на деловните средби е предуслов за учество на овој настан.
 

Контакт:

Ирена Мојсовска, ЕЕН Македонија
Телефон: ++ 389 2 3244 009
E-адреса: irena@mchamber.mk
Стопанската комора на Македонија


Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009


Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Бизнис средби, 09.06.2020
Он-лине Б2Б средби на тема: „Жените и мажите во градежниот сектор во Дунавскиот регион и пошироко: Соочување со новите предизвици“
Семинар, 11.06.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Семинар, 17.06.2020
ДИЗАЈН НА ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИСКА ЛОГИСТИКА
Работилница, 18.06.2020
ИНТЕРНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИТЕ ОД ОГРАНИЧУВАЊЕТО ИЛИ ПРЕКИНОТ НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС
Работилница, 24.06.2020
ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ЕФИКАСЕН РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 25.06.2020
ЕМОЦИОНАЛНО ИНТЕЛИГЕНТНО ЛИДЕРСТВО ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА
Семинар, 26.06.2020
ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 29.06.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 02.07.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина