СВЕТСКИ ДЕН НА ОЗОНОТ: WCO СЕ ПРИКЛУЧУВА КОН МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА ЗА ПРОСЛАВА НА ДЕНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ОЗОНСКАТА ОБВИВКА
➢ Актуелно (16.09.2020)
👁 Прочитано: 378



СВЕТСКИ ДЕН НА ОЗОНОТ: WCO СЕ ПРИКЛУЧУВА КОН МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА ЗА ПРОСЛАВА НА ДЕНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ОЗОНСКАТА ОБВИВКА

На 16 Септември оваа година, Светската Царинска организација (WCO) се прилучува кон меѓународната заедница за прослава на 35 години од активностите за заштита на озонската обвивка.

Оваа обвивка од гас е заштитен оклоп на Земјата и ја штити од штетните ултравиолетови сончеви зраци. Поради тоа работата за заштита на озонската обвивка е фундаментална за заштита на човековото здравје и еко-системот. Ова поле е од особена важност и за Светската Царинска организација оваа година, бидејќи WCO ја орагнизира глобалната Царинска заедница на темата „Царината во поддршка на одржливоста на населението, просперитетот и планетата”.

На овој ден, Светската Царинска организација ја повторува својата поддршка на Програмата на Обединетите Нации за околината (UNEP) и „Акција за озон” за имплементација на Виенската конвенција за заштита на озонската обвивка, согласно Монтреалскиот протокол и амандманот на Кигали. Ефективната имплементација на овој Мултилатерален договор за животна средина (МЕА) е битна гаранција дека производите кои се тргуваат се безбедни за човековото здравје и за животната средина.

Според генералниот секретар на Светската царинска организација, д-р Кунио Микурија, царината е клучен учесник во имплементацијата на програмата на Обединетите Нации „2030 Одржливи цели за развој”,  односно „Царината може да ги зајакне контролите врз прекуграничното движење на еколошки чувствителни производи, со поттикнување на меѓународната соработка, управување со ризиците и примена на технологија за размена на податоци и анализа.”

Царинските службеници се на фронтот на заштитата на животната средина. Тие играат клучна улога во спречувањето и откривањето на нелегалната трговија и во обезбедувањето усогласеност со МЕА, вклучувајќи го и Монтреалскиот протокол. За поддршка на Царината во оваа мисија, Светската Царинска организација, во соработка со „OzonAction” и партнерите на Зелената царинска иницијатива, обезбедува обука и насоки за царинските службеници ширум светот со зголемување на нивното знаење, унапредување на нивните вештини и олеснување на нивниот пристап до информации, така што тие можат успешно да ја ублажат нелегалната трговија со супстанции што го осиромашуваат озонот (ОДС). WCO исто така ги координира глобалните операции за спроведување, како што се операциите „Деметра“ насочени кон недозволени пратки на ОДС.

Светот го одбележува 16 Септември – Светскиот ден за заштита на озонската обвивка, со цел да се привлече вниманието за важноста на зачувувањето на озонот и поттикнување на сите, вклучително и најмалите да мислат на тоа. Oзонската обвивка има значајна улога во заштитата на животот на Земјата и озонот е одговорен за спречување на околу 98 проценти од УВ зрачењето. Научниците уште во 1970 година откриле дека озонската обвивка се намалува во просторот над Јужниот пол, а оваа промена е означена како „озонска дупка“. Врз нејзиното зголемување влијае присуството на некои штетни гасови, односно супстанци во атмосферата. Со цел да се спречи уништувањето на озонската обвивка потпишани се голем број меѓународни протоколи, чија цел е контролирање на производството и употребата на штетните гасови. 

Служба за информирање при Комората