НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 28.09.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (28.09.2020)
👁 Прочитано: 1023


Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 28.09.
28.09.551 п.н.е. роден е Конфучиј, кинески филозоф.
28.09.1864 година, во Лондон е основана Првата интернационала.
28.09.1867 година, Торонто станува главен град на Онтарио (покраина во Канада).
28.09.1898 година, италијанскиот лекар и зоолог Батиста Граси ги објавил резултатите од повеќегодишните проучувања во кои ги открил вистинските причинители и пренесувачи на маларијата.
28.09.1924 година, роден е Марчело Мастројани, италијански глумец.
28.09.1934 година, родена е Брижит Бардо, француска глумица, пејачка и фотомодел.
28.09.1993 година, Владата на Демократска Народна Република Кореја донесе одлука за признавање на Република Македонија.
28.09.1994 година, во Скопје, во издание на „МИ-АН“, излегува првиот број на „Македонско време“, независен информативно-политички магазин.
- На припадниците на еврејската заедница во Република Северна Македонија им го честитаме празникот Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.
- На припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија им го честитаме Меѓународниот ден на Бошњаците.
Служба за информирање при Комората