ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Вести
20.06.2019 👁 Прочитано: 242

Apple сака да префрли меѓу 15-30% од своето производство надвор од Кина - Стандард МК


Apple се подготвува за масовно преструктуирање на синџирот на снабдување на хардверските компоненти за своите уреди. Технолошкиот гигант веќе побара од своите најголеми партнери да пресметаат какви ќе бидат последиците ако го префрлат производството надвор од Кина. Според податоците, Apple планира да префрли помеѓу 15 и 30 отсто од производствениот капацитет во други земји во Југоисточна Азија, објави „Ројтерс“.

Главната причина за ова е континуираната трговска војна меѓу САД и Кина. Односите меѓу двете земји се чини дека продолжуваат да бидат затегнати. Ова го прави Apple да бара алтернативни опции за да го продолжи своето деловно работење, како што тоа го направи. Сите водечки производители на компоненти за компанијата веќе ги пресметаа економските димензии на префрлувањето на производството надвор од Кина.

Тука влегуваат имиња како Foxconn, Pegatron, Wistron, Quanta Computer, Compal Electronics, Inventec, Luxshare-IGT и Goertek. Се очекува во наредните недели провајдерите да обезбедат извештаи на Apple, кои за возврат ќе проценат каква ќе биде нивната стратегија. Потенцијалните држави кои можат да ја преземат продукцијата на уредите на Apple се Индија, Малезија, Виетнам, Индонезија и Мексико.

https://standard.mk/apple-saka-da-prefrli-megju-15-30-od-svoeto-proizvodstvo-nadvor-od-kina/

Apple сака да префрли меѓу 15-30% од своето производство надвор од Кина - Стандард МК