ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
12.09.2019 👁 Прочитано: 394

Дуна инвестира во нов административно-развоен и логистички центар


Македонската компанија „Дуна“ почна со изградбата на новиот административно-развоен логистички центар, инвестиција која е предвидено да изнесува околу 1,2 милиони евра и опфаќа изградба на нов објект, како и обезбедување на потребната опрема и средства за работа. Новоизградениот Центар се очекува да почне со работа за десетина месеци.
 
-Ја идентификувавме можноста за раст и развој на компанијата, која по веќе 25 години е меѓу најпрепознатливите македонски брендови. Израснавме, пред сѐ, како основачи на успешна приказна а сега се докажуваме и како сериозен инвеститор, кој верува во бизнис потенцијалот на Македонија. Свесни сме за економската состојба, како и за влијанието на политичката неизвесност врз неа, но со сериозни развојни потези веруваме дека може да се промени таа слика. Ова е логичен следен чекор за развој на компанијата, привлекување на нови вработувања и тоа особено во таканаречениот сегмент Internet of thinks и се разбира креирање услови за подобра соработка со нашите партнери и клиенти, изјави  Александар Пајковски од Дуна.

Нашиот бизнис сегмент, додаде, ги надрасна границите на државава и успешно услужуваме клиенти и во Србија и во Албанија.

Дуна почна со работа во 1994 година. Во своето професионално богато портфолио, брои многу успешно реализирани проекти и иновативни решенија. Пред 22 години, ја инсталираше првата дигитална печатница во Државниот завод за статистика за печатење гласачки картички и избирачки списоци. Потоа, реализираше проект за обележување на животните со радиофреквентна идентификација, соработка со УНДП во Косово за компјутеризација на институции. Сé уште активен е проектот за воведување фискална политика во Македонија и создавањето комплетно ново софтверско решение Ultima®ДУНА.

Дуна вработува околу 80 лица и има две канцеларии во Србија и во Албанија.

https://mia.mk

Дуна инвестира во нов административно-развоен и логистички центар