АЛТЕРНАТИВНИ НАЧИНИ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ПРОФЕСИОНАЛНИ МАСКИ И ЗАШТИТНА ОПРЕМА

   

👁 Прочитано: 2631


АЛТЕРНАТИВНИ НАЧИНИ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ПРОФЕСИОНАЛНИ МАСКИ И ЗАШТИТНА ОПРЕМА

Александар Чадиковски, претседател на Здружението на хемиската индустрија (Технички гасови)

-  Технички гасови е единствениот производител и снабдувач на кислород во државава. Во последните недели побарувачката за кислород е зголемена за 50%. Доставата се врши до сите болници низ Македонија па така и во кризните подрачја. За таа цел мораме да обезбедиме соодветна дистрибуција, заштита на вработените и дистрибутерите. Вршиме дезинфекција на сите боци кои доаѓаат од болниците, за да можат истите повторно да се употребат. Најтешка е ситуацијата со снабдување со професионални маски и заштитна опрема. Резерви имаме, но истите нема да бидат доволни на подолг рок. Турција има доволни количини, но се соочува со забрана за извоз,  па од тие причини потребно е да се бараат алтернативни начини за снабдување и од други земји.