Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
22.10.2019 👁 Прочитано: 405

НЕДОСТИГОТ ОД СТРУЧЕН КАДАР ПРОБЛЕМ И ЗА ФИРМИТЕ ОД СЕКТОРОТ ЕНЕРГЕТИКА


Како и повеќето дејности и во секторот енергетика проблемот со недостиг од квалификувана работна сила се позиционира како клучен со кој се соочуваат фирмите од Здружението на енергетиката при Стопанска комора на Македонија. Во таа насока, се иницираат предлози како да се надмине овој проблем, од кои клучно е вклучување на бизнисот во креирањето на уписните политики и наставните програми во образованието.

Членките на Здружението на енергетиката, на седница расправаа и за стратешките правци за развој на Комората кои се во насока со современите потреби и барања на бизнис заедницата и кои треба да создадат додадена вредност за компаниите, т.е. нивниот бизнис да стане поуспешен. Колку се поуспешни компаниите - членки, толку ќе биде позначајна позицијата на Комората во застапувањето и претставувањето на интересите на членките, посебно во креирањето на мерките на економската политика, - истакна главниот советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, Зоран Јовановски.

Перо Авакумовски

НЕДОСТИГОТ ОД СТРУЧЕН КАДАР ПРОБЛЕМ И ЗА ФИРМИТЕ ОД СЕКТОРОТ ЕНЕРГЕТИКА
НЕДОСТИГОТ ОД СТРУЧЕН КАДАР ПРОБЛЕМ И ЗА ФИРМИТЕ ОД СЕКТОРОТ ЕНЕРГЕТИКА