Запознајте ги членовите на нашиот Управен одбор - ИРЕНА КИКЕРКОВА, ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ - УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ СКОПЈЕ
➢ Актуелно (30.07.2020)
👁 Прочитано: 886



Запознајте ги членовите на нашиот Управен одбор - ИРЕНА КИКЕРКОВА, ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ - УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ СКОПЈЕ

Економскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје е една од првите високообразовни институции во Македонија. Основан е на 14 ноември 1950 година, како петти факултет во рамките на Скопскиот универзитет и денес е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.

Д-р Ирена Кикеркова е редовен професор на Економскиот факултет, ангажирана како наставник на предметите меѓународна економија и надворешна трговија на прв циклус на студии; на втор циклус на студии на последипломските од економски развој и меѓународни финансии и на европски студии, како и на Докторските школа од областа на економските науки на Економскиот факултет-Скопје при УКИМ. Од посебен интерес за нејзината академска истражувачка работа се тековите на приватниот капитал во вид на СДИ во меѓународната економија, меѓународната трговска размена, процесите на регионално интегрирање во светот, мултилатералниот трговски систем и трговската либерализација во рамките на СТО. Од релевантните области во текот на својата академска карира, проф. д-р Кикеркова објавила три книги како автор, три книги како коавтор, три истражувачки монографии како коавтор, околу 80 истражувачки трудови самостојно и во коавторство, а била и уредник на две истражувачки монографии.

Во периодот 2008-2009 година го помогнала процесот на воспоставувањето на Регионалниот тренинг центар – Светска царинска организаија во соработка и партнерство со Царинската управа на РС Македонија и Светската царинска органзација од Брисел. Центарот е поставен и функционира како организациска единица на Економскиот факултет во Скопје, а во моментот проф. д-р Кикеркова е негов раководител.

Д-р Ирена Кикеркова е член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија и член на Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатниот период 2020-2025.

 

 

 

Служба за информирање при Комората