ЕБОР и ЕУ со поддршка на „Макпрогрес“ за натпреварување на меѓународно ниво

   

👁 Прочитано: 293


ЕБОР и ЕУ со поддршка на „Макпрогрес“ за натпреварување на меѓународно ниво

Преземено од - https://www.ebrd.com/news/2020/ebrd-and-eu-help-makprogres-compete-internationally.html

„Макпрогрес“ е една од главните кондиторски компании во Северна Македонија којашто нуди широк асортиман на слатки, грицки, зрнеста и здрава храна. Годинава компанијата слави 30 години постоење, непрекинато учење и инвестиции за одржување чекор со промената на вкусовите и желбите на клиентите. ЕБОР, заедно со Европската унија (ЕУ), пружија поддршка на „Макпрогрес“ на патот кон раст, конкурентност и успех.

Иновации за успешност

Со поддршка од ЕУ, ЕБОР назначи меѓународен експерт да ја советува фирмата во врска со работата, квалитетот на брендот и дизајнот. Успешното завршување на проектот придонесе за зајакнување на продуктивноста на „Макпрогрес“, воведе најдобри практики за контрола на квалитетот и ја направи компанијата еден од најголемите извезувачи на храна во Северна Македонија.

Како амбициозен лидер, „Макпрогрес“ доби членство во Програмата на ЕБОР „Сина лента“ (Blue Ribbon), програма за поддршка којашто цели фирми со висок потенцијал за раст. Под палката на „Сината лента“, претпријатието порасна со помош од меѓународни експерти, специјалисти во низа советодавни области, од маркетинг до оператива.

Унапредување на одржливото производство на храна

Неодамна, напорите на „Макпрогрес“ за зајакнување на енергетската ефикасност беа поддржани од ЕБОР и од Фондот за ширење на претпријатијата (ENEF), еден од столбовите на Програмата на ЕУ „Фонд за развој на претпријатијата и иновации за Западен Балкан“ (WB EDIF). Заедничкото финансирање ќе ѝ помогне на компанијата да монтира сончеви панели за намалување на трошоците за енергија, како и да набави нова производствена опрема.

„Посветени сме на зголемување на извозните активности на меѓународниот пазар и продолжуваме да инвестираме во енергетска ефикасност, продуктивност и автоматизација за да останеме конкурентни“, изјави Глигор Цветанов, главен извршен директор на „Макпрогрес“.

Во моментот, „Макпрогрес“ е добро опремена за да работи на нови видови кондиторски производи за да ги задоволи ненаситните вкусни сетила на клиентите.

Мали претпријатија со големи амбиции

Фамилијата Цветанови првично го основа „Макпрогрес“ како друштво за трговија со храна во гратчето Виница, Северна Македонија, каде што теракотните покриви се вгнездени помеѓу ридовите и полињата. Со зрно амбиција, ронка деловна остроумност и грам верба, неколку години подоцна компанијата инвестира во фабрика за колачи со цел поттикнување на новиот бизнис со преработка на храна.

Проширувањето на објектите ѝ овозможи на кондиторската компанија да воведе нови производи и брендови – вклучувајќи ја и линијата на слатки „Винчини“, по која е најпозната.

Меѓутоа, моделот на раст врз основа на непрекината иновација и инвестиции отвори нови предизвици за раководството. Компанијата имаше потреба да се справи со јазовите во ефикасноста при преработката и употребата на ресурсите за да постигне раст на извозот и подобро да се постави на домашниот пазар.

Служба за информирање