Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Галерија на едукација
08.10.2019 👁 Прочитано: 140

УСПЕШНO УЧЕСТВО НА ТЕНДЕРИ ПО НОВИ ПРАВИЛА – ПРВИЧНИ ИСКУСТВА, ПРЕДИЗВИЦИ И НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ


Поради огромен интерес и навремена подготвеност за секогаш актуелните теми поврзани со јавните набавки, во Стопанската комора на Македонија на 08.10.2019 година, се одржа еднодневен семинар на тема: „УСПЕШНO УЧЕСТВО НА ТЕНДЕРИ ПО НОВИ ПРАВИЛА – ПРВИЧНИ ИСКУСТВА, ПРЕДИЗВИЦИ И НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ“.

Целта на овие семинари е понудувачите, навреме да се подготват за добивање  државни тендери според новите правила, да се запознаат со новините, предностите и предизивиците што ги нуди новото законско решение.
Поедноставени, побрзи и потранспарентни постапки за јавни набавки, избор на стоки, услуги и работи според критериум најдобра вредност за парите, поттикнување на поголемо учество на малите и средните претпријатија на пазарот на јавни набавки, намалени трошоци за учество и надоместоци за жалба, поголема информираност и увид во целокупната документација на постапката, помалку ризици и стабилна законска рамка сè само мал дел од новините кои се имплементирани во НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ.

Предавачот на семинарот е директно еден од изготвувачите на новиот Закон за јавни набавки, со кои учесниците имаа непосредна можност да разговараат за новините и толкувањата на одредбите од Новиот закон.  Предавачот  воедно е експерт за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ЦИПС сертифицирани обучувач за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработена во Бирото за јавни набавки, вклучена во развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија.

Елизабета А.Ефтимова

УСПЕШНO УЧЕСТВО НА ТЕНДЕРИ ПО НОВИ ПРАВИЛА – ПРВИЧНИ ИСКУСТВА, ПРЕДИЗВИЦИ И НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ
УСПЕШНO УЧЕСТВО НА ТЕНДЕРИ ПО НОВИ ПРАВИЛА – ПРВИЧНИ ИСКУСТВА, ПРЕДИЗВИЦИ И НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ
УСПЕШНO УЧЕСТВО НА ТЕНДЕРИ ПО НОВИ ПРАВИЛА – ПРВИЧНИ ИСКУСТВА, ПРЕДИЗВИЦИ И НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ