ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА НА КОМПАНИИ ОД ТУРЦИЈА И ОД БИТОЛСКИОТ РЕГИОН

   

АКТУЕЛНО / 21.11.2019
👁 Прочитано: 361


ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА НА КОМПАНИИ ОД ТУРЦИЈА И ОД БИТОЛСКИОТ РЕГИОН

На иницијатива на Турско-македонската стопанска комора MATTO, во соработка со Регионалната комора со седиште во Битола, при Стопанксата комора на Македонија беше реализиран состанок меѓу најголемите инвеститори од Р. Турција во нашата земја и претставниците на стопанството и општините во битолскиот регион.

Ваквите средби се од особено значење за стопанството со цел промоција на битолскиот регион и подигнување на нивото на конкурентност на домашните компании. Во таа насока Турција како земја партнер има уште поголемо значење за нашите компании бидејќи таа преставува и мост за настап на пазарите во азија и африка што ги проширува можностите за извозна ориентираност, изјави Мирко Велковски, претседател на Регионалната комора со седиште во Битола. 

Добрите политички односни меѓу двете земји се поттик за развивање и продлабочување на соработката и на економски план истакна на средбата претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски.

ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА НА КОМПАНИИ ОД ТУРЦИЈА И ОД БИТОЛСКИОТ РЕГИОН

На средбата претставници од повеќе турски компании присутни во земјата имаа свое излагање. Алп Eр Тунга Ерсој, генерален менаџер на ТАВ Македонија, Букет Геречџи извршен директор на Халкбанк АД Скопје, Ајхан Узун генерален менаџер на Рамсторе Македонија, Слободан Трајковски, сопственик на Елмонд Електро и Златко Најдовски, директор на Евро млекара – Суташ, како и Гуркан Гезер економски советник при Амбасада на Р.Турција во Скопје. 

Пред присутните свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Битола, Наташа Петровска која ја искажа спремноста за секаков вид на соработка за нови инвестиции во регионот и можноста за туристичкото промовирање на пазарот во Р.Турција. Како дополнителни можности за инвестирање во регионот беа презентираа и можностите за инвестирање во гасификацијата и инвистирање во индустриските и развојни зони во регионот, а се преставија и потенцијалите за инвестирање во општините Ресен, Могила и Новаци. 

Заклучно со септември 2019 година вкупната размена со Турција изнесува 387, 41 мил САД долари, додека пак за цела 2018 изнесува 521, 68 милиони САД долари. Согласно структурата на Странските директни инвестиции, од осамостојувањето на државата заклучно со 2018 година сметано во долари, Турција е 7-ми инвеститор на нашата земја. 

ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА НА КОМПАНИИ ОД ТУРЦИЈА И ОД БИТОЛСКИОТ РЕГИОН

м-р Никола Димковски