ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА ПРЕСМЕТКАТА НА ДАНОК НА ДОБИВКА НА РЕВАЛОРИЗАЦИОНИ РЕЗЕРВИ (РЕВАЛОРИЗАЦИОНИ ВИШОЦИ) ПРИ ПРЕНОС ВО АКУМУЛИРАНА ДОБИВКА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 24 ОД 4 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 14 став (3) од Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19), министерот за финансии, донесе

- Правилник за формата и содржината на образецот на пресметката на данок на добивка на ревалоризациони резерви (ревалоризациони вишоци) при пренос во акумулирана добивка

Со овој правилник се пропишува формата и содржината на образецот на пресметката на данок на добивка на ревалоризациони резерви (ревалоризациони вишоци) при пренос во акумулирана добивка.

Пресметката на данок на добивка на ревалоризациони резерви (ревалоризациони вишоци) при пренос во акумулирана добивка се поднесува на образец „ДД-РВ” изготвен на хартија во бела боја во А-4 формат. Формата и содржината на образецот се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник.

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје