ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТA НА БАРАЊЕТО ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЕКСПЕРТИ ВО ЛИСТАТА НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА, ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР И ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОК ЗА РАБОТА НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 23 ОД 30 ЈАНУАРИ 2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 120-д став (13) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16 и 64/18) директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе

- Правилник за формата и содржинатa на барањето за вклучување на експерти во листата на Националната платформа, поблиските критериуми за избор и висината на надоместок за работа на учесниците во националната платформа

Барањето за вклучување на експерти во листата на Националната платформа се поднесува на образец во А-4 формат на хартија во бела боја. Формата и содржината на барањето за вклучување на експерти во Националната платформа се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник.

Поблиски критериуми за избор на експертите за работа во Националната платформа во одделни области се:

Да имаат најмалку осумгодишно работно искуство,

- Да се истакнати работници во струката,
- Да имаат објавени научни трудови од областа за која се повикани, како и да има објавено најмалку два научни трудови како прв автор и најмалку два труда како втор автор од областите наведени во Панелите и тоа:

1. Панел за здравствена заштита и благосостојба на животните;
2. Панел за биолошки опасности;
3. Панел за контаминенти во синџирот на храната;
4. Панел за диететски производи, исхрана и алергии;
5. Панел за адитиви и ароми;
6. Панел за средства за заштита на растенијата и нивни резидуи;
7. Панел за здравје на растенијата;
8. Панел за адитиви и производи или состојки употребени во храната за животни;
9. Панел за материјали во контакт со храната, ензими, додатоци во производство и ензими и технолошки помагала и
10. Панел за генетски модифицирани организми.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје