ДЕВЕДЕСЕТ И ОСУМ ГОДИНИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА - ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

   

АКТУЕЛНО / 19.02.2020
👁 Прочитано: 1460


ДЕВЕДЕСЕТ И ОСУМ ГОДИНИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА - ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

Во присуство на голем број стопанственици, претставници на државните институции и на дипломатскиот кор, Стопанската комора на Македонија ја одбележа деведесет и осум годишнината од работењето и децениските заложби за унапредување на деловниот амбиент во земјата и развојот на македонското стопанство.

-Колкава е тежината и моќта на Стопанската комора на Македонија во развојот на економијата покажува бројноста и посетеноста на денешниот настан, истакна претседателот Бранко Азески, изразувајќи очекување дека при одбележувањето на столетието на Комората бројноста и присутноста на членките ќе биде уште поголема.

-Стопанската комора е еден од клучните партнери на Владата, давајќи значаен придонес за градењето и развојот на стопанството во нашата држава и има значаен придонес за остварувањето на конструктивен јавно-приватен дијалог, а преку идеите и консултациите има значајна и неприкосновена улога во креирањето на законските прописи, економските планови и мерки, - истакна Мила Царовска, заменик на претседателот на Владата, задолжена за економски прашања и за координација со економските ресори.

Традиционално на одбележувањето на деведесет и осум годишнината на Комората беа доделени награди и признанија на реномирани компании-членки кои со своите активности ја обележаа 2019 година и кои долги години придонесуваат за коморското работење и за развојот на македонското стопанство.

ДЕВЕДЕСЕТ И ОСУМ ГОДИНИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ДЕВЕДЕСЕТ И ОСУМ ГОДИНИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

ДЕВЕДЕСЕТ И ОСУМ ГОДИНИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ДЕВЕДЕСЕТ И ОСУМ ГОДИНИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

Доделувајќи ги наградите и признанијата, претседателот на Владата на РСМ, Оливер Спасовски, пред присутните истакна дека коморската манифестација сведочи за долгата традиција и улогата на бизнис-асоцијацијата како претставник и глас на стопанството. Комората континуирано дава огромен придонес за развојот на македонското стопанство преку заштита и афирмација на интересите на нејзините членки, активно вклучување во едукација и реформи на образовниот систем, развој и афирмација на стопанските потенцијали.

Стопанската комора додели награди на компании кои имаат извоз со висок степен на финализација на производите на:

1. „МИКРОСАМ“ ДОО – Прилеп - светски конкурентно претпријатие со инсталирани повеќе од 200 производни линии во околу 40 земји низ светот.

2. „БРАКО“ ДОО – Велес - препознатлив на многу пазари на Балканот и во Европа, по производство на жичани производи, медицински мебел и товарни приколки, а од неодамна и на транспортни ленти.

3. „ЛТХ ЛЕАРНИЦА“ ДООЕЛ – Охрид - браунфилд странска инвестиција за леење и машинска обработка на алуминиумски компоненти наменети за автомобилската индустрија.

Награди за долгогодишна активна членка на Стопанската комора на Македонија беа доделени на компаниите:

1. „Македонски Телеком“ АД – Скопје - водечки технолошки лидер, со мрежа целосно базирана на интернет протокол, која покрива 90 проценти од територијата на државата и 99 проценти од населението.

2. „ЕВН МАКЕДОНИЈА“ АД – Скопје - водечки европски бренд за услуги во доменот на енергијата и животната средина, што управува со 11 мали ревитализирани и целосно автоматизирани хидроцентрали.

3. ГД „ГРАНИТ“ АД – Скопје - една од малкуте градежни компании кои во моментот се присутни и на странскиот пазар со висококвалификувани расположливи кадровски капацитети.

4. „САСА“ ДООЕЛ - Македонска Каменица - најголемиот подземен рудник во земјата, со околу 800.000 тони експлоатирана руда секоја година од ревирот Свиња Река.

5. ДГ „БЕТОН“ АД - Скопје, со богато искуство и значајни референци во реализацијата на градежни работи во високоградбата, нискоградбата и хидроградбата.

6. „ВИТАМИНКА“ АД - Прилеп - лидер во прехранбената индустрија на македонскиот пазар, но и со 45% производство наменето за странските пазари во околу 30 земји во светот.

7. „Бучим“ ДОО – Радовиш - единствениот рудник за бакар во земјата во кој се обработува преку 4,5 милиони тони руда и се произведува бакарен концентрат кој содржи бакар и злато.

Стопанската комора додели и специјални признанија во две категории:

За компанија со најголем број учесници на едукативни настани во Стопанската комора на Македонија во 2019 година признание добија:

1. „Алкалоид“ АД – Скопје - општествено одговорна компанија, вклучена во голем број хуманитарни проекти која несебично вложува во професионално усовршување на своите вработени.

2. Стопанска банка АД - Скопје - една од банките предводници во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи и услуги за населението и за правните лица.

За компанија со континуирана долгогодишна активност и опстојување на македонскиот пазар признанија беа доделени на:

1. ОПИНЧАР КРСТЕ ЃОРГИ БЕЛЕВ – Охрид - за историски и трајни вредности која од далечната 1946 година со своето постоење покажува дека успева да се справи со сите промени и движења во стопанството.

2. „РЕТРО ЕЛЕКТРО“ – Битола - чии почетоци датираат од електро-работилницата „Херц‟ нудејќи сервисни услуги, апарати за заварување, производство на полначи на акумулатори, електрични инсталации за потребите на индустријата и друго.

ДЕВЕДЕСЕТ И ОСУМ ГОДИНИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

Во рамки на одбележувањето на годишнината беше претставена и соработката на Комората со Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во однос на прашањата за зајакнувањето на трансформациските потенцијали на македонската и на регионалната економија.

Во таа насока, раководителката на Одделот за Југоисточна Европа на ОЕЦД, Маржена Кисиелевска, посочи дека денешниот настан претставува продолжение на Самитот во Познањ како дел од Берлинскиот процес и неодамна објавената студија на ОЕЦД - „Глобална Југоисточна Европа: Ослободување на трансформативниот потенцијал за раст во Западен Балкан“, со цел да се отвори дискусија за остварувањето на продлабочена соработка и економска интеграција на државите од Западен Балкан, како и за зајакнување на индустрискиот и економскиот развој на земјите од овој регион. -Во рамките на регионалната програма на ОЕЦД за Југоисточна Европа континуирано се преземаат активности за следење на состојбите во економиите на земјите од регионот, обезбедување значајни студии и согледувања за развојот на политиките и давање на практични препораки за постигнување конкурентност и подобра бизнис-клима. Меѓутоа, без оглед на тоа колку се силни владините заложби за реформи во економијата, предводник на реформите и предуслов тие да бидат успешни е приватниот сектор, - нагласи Кисиелевска.

ДЕВЕДЕСЕТ И ОСУМ ГОДИНИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ДЕВЕДЕСЕТ И ОСУМ ГОДИНИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

м-р Нена Николовска