Нови прописи
   
ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА
22.10.2019

Со Предлог – законот се уредува дека Владата на Република С.Македонија со одлука ги определува регионалните центри за стручно образование и обука од редот на постојните општински средни училишта во кои се остваруваат наставни планови и програми за стручно образование и обука, на предлог на Министерството за образование и наука, а по претходна согласност од основачот на општинското училиште.
Дополнително во делот на надлежностите на Министерството за образование се доуредува дека Министерството има надлежност да предлага на Владата кои општински средни училишта во кои се остваруваат наставни планови и програми за стручно образование и обука ќе продолжат со работа како регионални центри за стручно образование и обука.
Со Предлог – законот во делот посветен на установите за постсредно образование се уредува и дека постсредно образование може да се остварува во јавни и приватни установи, комори, организации на работодавачи и регионални центри за стручно образование и обука, верифицирани од Министерството.

 


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје