ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Вести_stari
22.08.2019 👁 Прочитано: 254

Тркалезна маса на тема: „ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО КАКО ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС“


Стопанската комора на Македонија оценува дека е дојдено времето кога треба прашањето за владеење на правото во земјава да биде предмет на разгледување и од страна на бизнис-заедницата, како битна претпоставка која треба да биде исполнета во целост, за да можеме понатаму да се посветиме на прашањата поврзани со економијата, економскиот раст и подоброто бизнис-опкружување.

Со цел да дадеме реален придонес во остварувањето на владеењето на правото и правната држава, Стопанската комора на Македонија организира


Тркалезна маса на тема:

„ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО КАКО ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС“

26.8.2019 година (понеделник), во 11:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на петти кат

На настанот ќе бидат разменети искуства меѓу бизнис-заедницата, медиумите, дипломатите, научната и стручната јавност и ќе бидат утврдени конкретни препораки и заклучоци што ќе се испорачаат до носителите на државната власт.

Доколку сте заинтересирани да го проследите настанот, Ве молиме за потврда на следниот контакт: 02/3244 018.

Тркалезна маса на тема: „ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО КАКО ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС“