Тренинг обука / 21.04.2020

ДИЗАЈН НА ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИСКА ЛОГИСТИКА

Стопанска коморa на Македонија, сала 3 на 3-ти кат


   

Стопанската комора на Македонија, на 21 април 2020 година организира еднодневна специјалистичка обука на тема: ДИЗАЈН НА ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИСКА ЛОГИСТИКА.

Цел на обуката: 


Запознавање на учесниците со начинот на организација и функционирањето на севкупната логистика во организацијата, начините на магацинско управување, „FAST“ магацин, логистичка стратегија, логистички трочоци, управување со вработените во логистичкиот процес.
За кого е наменета специјалистичката обука?
За сите вработени и од сите нивоа на поставеност кои се дирекно или пак индирекно вклучени во процесот на логистичко управување во организациите (набавка, магацин, и транспорт, прием на пратки и  слично), како и сите вработени кои сакаат да го прошират и усовршат своето знаење по дадената проблематика.

ПРОГРАМА

Главни чинители на ефикасна логистика:
• човечки ресурси;
• простор;
• брзина.

Предизвици за правилно воведување на вработените во логистика:
• боледување;
• флуктација;
• неедуцираност;
• сезонски карактер на вработување.

Логистички трошоци:
• хиерархиска структура на логистичката структура;
• групирање на трошоците;
• структура на логистички трошоци;
• управување на логистичките трошоци.

Логистичка стратегија:
• „LEAN“ стратегија;
• „AGILNA“ стратегија;
• останати стратегии.

Како правилно да се искористат скриените логистички капацитети?

Кои се знаци на лошо управување во вашите магацини?
• 8 главни загуби.

„FAST“  магацин:
• „FAST“ или процес;
• „ACCESSIBILITY“ или пристап;
• „SPACE“ или простор;
• „THROUGHPUT“ или проток.

Предавач: 

-Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и виш стручен консултант за  проектирање и имплементација на современите ситеми за менаџмент -  ISO 9001, ISO 14001:2015, OHSAS 18001, ISO/IEC 27001:2013, ISO 20000-1:2018, ISO 22301:2012, ISO 31000:2018, ISO 37001:2016, GDPR.
Акредитиран експерт-тренер од страна на PECB (Professional Evaluation and Certification Board, Kanada) со повеќе од 150 тренизи во областа на систем менаџмент, процена на ризик и заштита на податоци, овластен консултант на аuropean Bank for Reconstruction and Development (EBRD) и Deustche Gesellschaft fur Internationale Zusammenarbeit (GIZ).
Имплементирани проекти во Народна банка на Србија – ISO 22301,  Централна банка на БИХ – ISO 9001:2015 и ISO 27001:2013, Контрола на летање на Србија и Црна Гора SMATSA – Воспоставување на систем менаџмент за ризик ISO 31000, ЈКП „Инфостан технологија“ - ISO 9001:2015; ISO 27001:2013; ISO 37001:2016, ЈП „Електропривреда“ - ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015, Национална служба за вработување – ISO 37001:2016, Пошта на Р. Србија – ISO 9001:2015, „Шнајдер Електрик“ - Србија – ISO 9001:2015; ISO 14001:2015; ISO 45001:2018; ISO 27001:2013;GDPR…

Работен јазик: српски.

За сите учесници на специјалистичката обука ќе биде обезбедено:
 - работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за присуство на специјалистичката обука. 

Последен рок за пријавување: 15.4.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015