„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
11.07.2025
Iute Pay Македонија, дел од естонската групација Иуте доби лиценца од Народната Банка на Република Северна Македонија за издавање електронски пари и давање платежни услуги. Со оваа лиценца се овозможува издавање електронски пари и давање платежни услуги, без посредство на традиционални банки. За разлика од класичните финансиски институции, институциите за електронски пари се фокусираат на последната технологија, дигитални решенија, брзина и флексибилност, овозможувајќи им на корисниците целосна контрола преку мобилни и онлајн платформи.
Корисниците ќе имаат можност да отвараат платежни сметки, да надополнуваат средства на својот дигитален паричник, да пристапуваат до своите средства преку бескартични банкомати, да вршат безготовински трансфер на пари во реално време, како и брзи плаќања кон трговци со користење на QR код.
”Добивањето лиценца за електронски пари е значаен чекор кој не претставува само регулаторно одобрување, туку почеток на револуција во начинот на кој се нудат и користат финансиските услуги во Македонија. Нашата мисија е јасна: да понудиме брзи, беспрекорни и кориснички ориентирани решенија, со највисоки стандарди на сигурност и иновација. Ова е само почеток. Продолжуваме со уште поголема посветеност кон дигитална трансформација, финансиска инклузија и создавање вредност за сите корисници“, изјави Александар Петковски, извршен директор на Iute Pay Македонија.
Зад оваа иницијатива стои Иуте Групацијата – меѓународен лидер во финтек индустријата, со естонска технологија која веќе го трансформира начинот на плаќања во повеќе земји во и надвор од Европската Унија. Сега, таа технологија ќе биде достапна и во Македонија.
Со оваа лиценца Иуте Македонија го заокружува еко-системот на финансиски услуги, откако по кредитирањето како примарна дејност, од неодамна е присутна и на осигурително-брокерскиот пазар, со започнување на работата на Iute Safe.