„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

БРАНКО АЗЕСКИ, КОМОРСКИ МЕНАЏЕР НА ДЕЦЕНИЈАТА, СКСМ НАЈКОМОРА ВО РЕГИОНОТ

09.07.2025

 Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во Сараево беше одликуван со награда - коморски менаџер на деценијата - Златна плакета за исклучителен придонес во развој на коморскиот систем, јакнење на регионалната соработка и бизнис без граници, а СКСМ е прогласена за Најкомора во регионот, на манифестацијата организирана од страна на „Европската независна агенција за избор и промоција на најуспешните деловни луѓе и компании во регионот“.

На гала свеченост по повод изборот во хотелот Холидеј Ин во Сараево, покрај останатите, претседателот Азески и СКСМ, наградата ја добиваат како признание за поттик на бизнисмените за регионалниот развој.

Во образложението при доделувањето на наградата беше посочено дека, „наградата се доделува за личности кои преку коморскиот систем им ги олеснуваат на стопанствениците и сопствениците на бизнисите и така комплицираните административни процедури, особено ако се има предвид дека претседателот Азески е на чело на Комората цели две децении“.

Наградата "Менаџер на годината", а СКСМ за "Најкомора во регионот", претседателот Азески ја има добиено од „Европската независна агенција за избор и промоција на најуспешните деловни луѓе и компании во регионот“ и пред 12 години, во 2013 година.

Во продолжение видео од доделувањето на наградите