Конференција / 01.04.2020 - 03.04.2020

КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 1-3 април 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина

Сараево, Босна и Херцеговина


   

П О К А Н А  

КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ
„SEEIIST MEETS INDUSTRY“
https://indico.cern.ch/event/839930/

1-3 април 2020 година
Сараево, Босна и Херцеговина


Стопанската комора на Македонија во соработка со Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIST) и Универзитетот во Сараево, преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, ве поканува да учествувате на Конференција на тема: „SEEIIST meets Industry“ (Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа се среќава со стопанството), што ќе се одржи од 1-3 април 2020 година во Сараево, Босна и Херцеговина.

Учесниците на Конференцијата ќе имаат единствена можност подетално да се информираат за иницијативата на Меѓународниот институт за изградба на Факултет за хадронска терапија на тумори и биомедицински истражувања, заснован на најнов дизајн на акцелератори на честички развиен во соработка со европските истражувачки центри CERN и GSI-FAIR.

Целта на Конференцијата е учесниците од научно-истражувачките институции SEEIST, CERN и GSI-FAIR да се запознаат со претставници од компаниите од земјите од Југоисточна Европа со потенцијална можност за нивно вклучување во изведбата на проектот.
 
За време на Конференцијата ќе се дискутира за соработката на SEEIST со стопанството, со посебен осврт на следните аспекти:

- учество на компании во дизајнирање и изградба на објектот;
- учество на компании во водење и одржување на објектот;
- трансфер на знаење и технологии од центарот во компаниите;
- обука на лица поврзана со индустриски објекти и болници.
 
Во рамки на настанот се планирани и деловни средби кои ќе се одржат на 2.4.2020 година.


За реализација на проектот предвидено е да бидат опфатени следните сектори и области:

- градежништво;
- машинско инженерство;
- електро инженерство;
- специјална машинска конструкција;
- системи на контрола;
- технологија на сензори;
- вакуум и криогеника;
- медицинска технологија;
- инструментална анализа;
- заштита од зрачење;
- добавувачи на материјали;
- системи на контрола;
- телекомуникации.

Програмата и дополнителни информации за настанот се достапни на следната веб-страна: https://indico.cern.ch/event/839930/.

Ве молиме,  електронски да го регистрирате вашето учество на следниот линк: https://indico.cern.ch/event/839930/registrations/52880/
Крајниот рок за регистрација е 20.3.2020 година.
 
Преференцијални цени за учесниците на Конференцијата се договорени со следните хотели:

Hotel Holiday Sarajevo
https://www.hoteleuropegroup.ba/en/holiday

Hotel Residence Inn by Marriott
https://www.marriott.com/hotels/travel/sjjri-residence-inn-sarajevo/

Крајниот рок за резервација е 23 март 2020 година.

Пријави се електронски

Контакт лица:

М-р Нена Николовска
++ 389 2 3244054

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Бизнис средби, 20.02.2020
„42. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ“ - ЕЕН, 20-23 февруари 2020 година, во Белград, Србија
Семинар, 21.02.2020
КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ГРЕШКИ НА ПОНУДУВАЧИТЕ И ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ - ПРИЧИНИ ЗА ЧЕСТИ ПОНИШТУВАЊА И ОБЖАЛУВАЊА НА ТЕНДЕРИТЕ
Семинар, 21.02.2020
ОСНОВИ НА E-MAIL МАРКЕТИНГ
Семинар, 24.02.2020
КАМАТНИ ПОБАРУВАЊА И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ, СПЕЦИФИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЗАКОНСКА И ДОГОВОРНА КАМАТА И ДОГОВОРНА КАЗНА
Семинар, 25.02.2020
ВЕШТАЧЕЊЕТО КАКО ДОКАЗ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
Семинар, 26.02.2020
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Семинар, 11.03.2020
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)
Семинар, 12.03.2020
ЗАКОНСКИ РОК ЗА НИШТЕЊЕ ДОКУМЕНТИ/ЗАПИСИ СО ИЗМИНАТИ РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ
Семинар, 16.03.2020
ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС
Семинар, 19.03.2020
ПОИМ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ПОВРЕДИ НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби - ЕЕН, 19-20 март 2020 година, во Кочаели, Турција
Конференција, 01.04.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 1-3 април 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина