Семинар / 24.02.2020

КАМАТНИ ПОБАРУВАЊА И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ, СПЕЦИФИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЗАКОНСКА И ДОГОВОРНА КАМАТА И ДОГОВОРНА КАЗНА

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневна работилница на тема:

КАМАТНИ ПОБАРУВАЊА И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ, СПЕЦИФИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЗАКОНСКА И ДОГОВОРНА КАМАТА И ДОГОВОРНА КАЗНА

24.02.2020 година (понеделник)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

 

Стопанската комора на Македонија, на 24 февруари 2020 година, организира еднодневна работилница на тема: „Каматни побарувања и нивни карактеристики, специфичности и разлики помеѓу законска и договорна камата и договорна казна“. Оваа работилница има за цел на јасен начин да направи дистинкција помеѓу институтите од интерес, да ги прикаже сите сличности, но и особено разликите помеѓу законската и договорната камата, наспроти договорната казна. Интересот за темата на работилницата произлегува од честата неподготвеност на деловните субјекти своите каматни побарувања да ги регулираат на вистински начин, што од своја страна води кон големи загуби во работењето.

На работилницата преку бројни практични примери ќе се прикажат и анализираат различните ситуации кога може да настане одредено каматно побарување; потоа ќе се направи осврт на карактеристиките на казнената камата наспроти договорната камата, и конечно, ќе се анализира договорната казна како метод за заштита на доверителите од задоцнети исполнувања на обврски. Во рамки на работилницата ќе се анализира и институтот на застареност во неговиот генерален поим, но, и во контекст на каматните побарувања. Сето, во насока на зголемување на севкупните познавања на слушателите за предметната материја, а во обид да се постигне нивна подобра подготвеност за оптимално регулирање на деловните односи и превенција и заштита од штети во работењето.

ПРОГРАМА

I. КАМАТНИ ПОБАРУВАЊА: ИЗВОРИ
- Деловни односи: Фактурата како документ кој искажува остварен промет
- Влезна и излезна фактура;
- Форма и содржина;
- Составни елементи;
- Момент на доспеаност;
- Напомена во фактурата за извршен промет за целите на ДДВ;
- Договори;
- Аналитички картици;
- Судски пресуди, извршни исправи.
- ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

II. КАЗНЕНА КАМАТА
- Законска регулатива: Закон за облигационите односи
- Кога се должи казнена камата;
- Висина на стапка на казнена камата;
- Стапка на казнена камата за други облигациони односи;
- Пресметка на казнена камата.
- ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

III. ДОГОВОРНА КАМАТА
- Определување на договорна камата;
- Висина на стапката на договорната камата.
- ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ
 
IV. ДОГОВОРНА КАЗНА

- Општи правила;
- Начин на определување;
- Акцесорност;
- Доверителови права;
- Намалување на износот на договорната казна;
- Договорна казна и надомест на штета;
- Надомест определен со закон и договорна казна.
- ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

V. ЗАСТАРЕНОСТ И ПРИНЦИП НА ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ
- Општ поим на застареност;
- Застареност во поглед на каматните побарувања;
- Засметување на исполнување.
- ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

Предавачи:

- Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат во Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.

- Александар Гоџо, адвокат, предавач и тренер на обуки и семинари од сите области на правото со екстензивно искуство во застапување и решавање на спорови пред домашни и меѓународни форуми, помеѓу кои ICSID при Светска банка Вашингтон и Европски суд за човекови права-ECHR. Член на постојаниот арбитражен суд, член на групата за стратешко застапување при МЗМП, ко-автор на Прирачник за правнички вештини, национален тутор на HELP програмата на Совет на Европа. Активен учесник во истражувачки проекти и проекти за јакнење на капацитетите на судството.


За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 19.02.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Бизнис средби, 20.02.2020
„42. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ“ - ЕЕН, 20-23 февруари 2020 година, во Белград, Србија
Семинар, 21.02.2020
КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ГРЕШКИ НА ПОНУДУВАЧИТЕ И ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ - ПРИЧИНИ ЗА ЧЕСТИ ПОНИШТУВАЊА И ОБЖАЛУВАЊА НА ТЕНДЕРИТЕ
Семинар, 21.02.2020
ОСНОВИ НА E-MAIL МАРКЕТИНГ
Семинар, 24.02.2020
КАМАТНИ ПОБАРУВАЊА И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ, СПЕЦИФИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЗАКОНСКА И ДОГОВОРНА КАМАТА И ДОГОВОРНА КАЗНА
Семинар, 25.02.2020
ВЕШТАЧЕЊЕТО КАКО ДОКАЗ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
Семинар, 26.02.2020
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Семинар, 11.03.2020
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)
Семинар, 12.03.2020
ЗАКОНСКИ РОК ЗА НИШТЕЊЕ ДОКУМЕНТИ/ЗАПИСИ СО ИЗМИНАТИ РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ
Семинар, 16.03.2020
ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС
Семинар, 19.03.2020
ПОИМ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ПОВРЕДИ НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби - ЕЕН, 19-20 март 2020 година, во Кочаели, Турција
Конференција, 01.04.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 1-3 април 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина