Семинар 17.02.2020 НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС, ПОСЛЕДИЦИ ОД ПОВРЕДИ НА ОБВРСКИТЕ ОД РАБОТНИОТ ОДНОС

Стопанска комора на Македонија

Еднодневен семинар:

НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС, ПОСЛЕДИЦИ ОД ПОВРЕДИ НА ОБВРСКИТЕ ОД РАБОТНИОТ ОДНОС

17.02.2020 година (понеделник)
09:30-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

 

Стопанската комора на Македонија, на 17 февруари 2020 година, во просториите на Комората организира еднодневен семинар на тема: ,,Начин и постапка за засновање на работен однос, права и обврски од работен однос, последици од повреди на обврските од работниот однос“.  Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика.

ПРОГРАМА:

- Засновање на работен однос;
- Огласување на потреба од работници, права на кандидати за вработување;
- Избор на кандидат за вработување како дискреционо право на
  работодавачот;
- Начин на засновање на работен однос, содржина на договор за вработување,
  одредбите на договорот за вработување како основен акт за уредување на
  работниот однос;
- Права и обврски од работен однос, отказ на договорот за вработување како
  последица на повреда на обврските од работниот однос;
- Разлики во постапките за отказ на договорот за вработување на работниците
  и заштитените категории на работници.
 
Предавачи:

- м-р Бојана Велковска, претседател на Одделот за работни спорови во Основен суд Скопје II - Скопје и

- Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот  инспекторат за труд.

За сите учесници на семинарот обезбедено е:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 12.2.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 29.09.2020
ИНТЕРНИ АУДИТОРИ НА СИСТЕМ МЕНАЏМЕНТ
Семинар, 01.10.2020
ОСНОВИ НА AutoCAD
Семинар, 06.10.2020
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Online Бизнис средби, 08.10.2020
за учество на „виртуелен“- он-лине брокерски настан - The VIRTUAL BROKERAGE EVENT - INNOVATION VILLAGE 2020- VBE-IV2020
Саем, 14.10.2020
Меѓународен „онлајн“ индустриски саем „ТеМЕкс“
Семинар, 14.10.2020
ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПЛАН И ЛИСТА НА АРХИВСКИ ЗНАЦИ СО РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ, ИЗБОР НА КОМИСИЈА ЗА НЕГОВО ИЗГОТВУВАЊЕ, ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ ЗА ТЕКОВНА 2021 ГОДИНА ВО ПРЕДВИДЕН ЗАКОНСКИ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДО ДРЖАВЕН АРХИВ НА РСМ
Семинар, 15.10.2020
ВРШЕЊЕ ВИДЕО НАДЗОР СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИСТИОТ
Саем, 16.10.2020
„CII AGRO & FOOD TECH“- ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И АГРОКУЛТУРА -ИНДИЈА 2020
Саем, 21.10.2020
Саем за директни бизнис средби „Братислава 2020“
Семинар, 30.10.2020
ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА Е-ПРОДАЖБАТА
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“