Семинар / 17.12.2019

ОТСТРАНУВАЊЕ НА РАБОТНИК ДО ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКА ЗА ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - СУСПЕНЗИЈА

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневен семинар:

„Отстранување на работник до донесување одлука за отказ на договорот за вработување - суспензија, одлагање од извршување на конечна одлука за отказ на договорот за вработување до донесување на судска одлука, право на дополнителна работа, право на плата, додатоци на плата за работа во празници, прекувремена работа - замена со слободни денови, исплата на дневници и службени патувања, видови договори за вработување, договори за вработување на определено и неопределено време, трансформација на работен однос,  посебни договори согласно Законот за работни односи“

17.12.2019 година (вторник)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

Стопанската комора на Македонија, на 17 декември 2019 година, организира еднодневен семинар на темa: „Отстранување на работник до донесување одлука за отказ на договорот за вработување - суспензија, одлагање од извршување на конечна одлука за отказ на договорот за вработување до донесување на судска одлука, право на дополнителна работа, право на плата, додатоци на плата за работа во празници, прекувремена работа - замена со слободни денови, исплата на дневници за службени патувања, видови договори за вработување, договори за вработување на определено и неопределено време,  договор за вработување со неполно работно време,  трансформација на работен однос,  посебни договори согласно Законот за работните односи“.

Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика.

ПРОГРАМА:

1. Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на 
    работодавачот и надлежност на инспекторот за труд

   - Отстранување на работник до донесување одлука за отказ на договорот за
     вработување – суспензија;
   - Одлагање од извршување на конечна одлука за отказ на договорот за
     вработување до донесување на судска одлука. 

2. Права на работниците од работен однос
   - Право на дополнителна работа;
   - Право на плата;
   - Додатоци на плата за работа во празници, прекувремена работа, замена со
     слободни денови;
   - Исплата на дневници за службени патувања.

3. Видови договори за вработување
   - Договор за вработување на определено време;
   - Договор за вработување на неопределено време;
   - Договор за вработување со неполно работно време;
   - Трансформација на работен однос од определено на неопределено време;
   - Посебни договори согласно Законот за работните односи.

4. Значењето на поимот мобинг и судска пракса.

Предавачи:

- м-р Бојана Велковска, претседател на Одделот за работни спорови во Основен суд Скопје II - Скопје и

- Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот  инспекторат за труд.

За сите учесници на семинарот обезбедено е:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 13.12.2019 година.

Пријавен лист Останати документи Пријави се електронски

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 13.12.2019
ПРЕСМЕТКОВНИ ФОРМУЛИ И ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 13.12.2019
KPI - KEY PERFORMANCE INDICATOR (КЛУЧЕН ИНДИКАТОР ЗА ИЗВРШУВАЊЕ) Основи и како се дефинираат?
Семинар, 16.12.2019
ОСНОВИ НА GOOGLE ADS
Семинар, 16.12.2019
МЕТОДИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ НА ЗАДОЦНЕТА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА
Семинар, 17.12.2019
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 17.12.2019
ОТСТРАНУВАЊЕ НА РАБОТНИК ДО ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКА ЗА ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - СУСПЕНЗИЈА
Инфо сесија, 17.12.2019
ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА: „НОВИ ЗАКОНСКИ ПРОПИСИ ЗА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД‟
Семинар, 18.12.2019
ВЕШТ АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК - Архивско- канцелариско работење / Деловно- финансиско работење -
Презентација, 19.12.2019
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЈМОДЕРНИ ИНОВАЦИИ ОД СВЕТОТ НА ЛОГИСТИКАТА И ТРАНСПОРТОТ
Тркалезна маса, 20.12.2019
ФАКТОРИНГОТ КАКО АЛТЕРНАТИВЕН ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ
Семинар, 23.12.2019
АКТУЕЛНОСТИ ВО ПОГЛЕД НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА