ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
13.10.2019
Семинар
ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ – КЛУЧ НА ДЕЛОВНИОТ УСПЕХ
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневна работилница на тема:

ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ – КЛУЧ НА ДЕЛОВНИОТ УСПЕХ

16.10.2019 година (среда)
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


Човечкиот капитал претставува клуч на деловниот успех во секој современ бизнис (друштво). Во ерата на знаење, соработниците повеќе не се „продолжена рака на машините“. Соработниците стануваат неограничен ресурс, неопходна компонента за создавање поголема вредност.

Целта на работилницата е да ги запознае учесниците со современите трендови, алатки и нивната промена. Учесниците ќе ги откријат своите потенцијали и ќе научат како да ги откријат потенцијалите на соработниците и на кој начин истите да ги материјализираат.

Во рамки на работилницата предавачот ќе ги собере сите неопходни информации врз основа на кои дополнително во писмена форма ќе бидат доставени до учесниците како детална студија на нивните скриени потенцијали со насоки.

ПРОГРАМА


• Човек, клучен и неограничен потенцијал;
• Начин на размислување (Mindset) на лидерот во ера на знаење;
• Како функционира креативниот ум;
• Како да го препознаете креативниот ум кај соработниците;
• Процес на материјализација на идеите;
• Иновативен начин на размислување (Innovative mindset);
• Развивање иновативен начин на размислување;
• Иновација - механизам за создавање поголема вредност;
• Детектирање на лични скриени потенцијали;
• Стратегија за развој и материјализација на   потенцијалот;
• Волшебна формула за остварување на секоја деловна цел.


Целна група:  

Претприемачи, сопственици на компании, потенцијални претприемачи, менаџери, раководители на тимови, комерцијалисти и сите оние кои сакаат да бидат поуспешни во работата која ја извршуваат.

Предавач:

-Драго Орчиќ, меѓународен експерт во областа на лидерство и развој на личниот потенцијал. Автор е на алатка за мерење на интелектуалниот потенцијал во компаниите, објавено во научната монографија на престижниот американски издавач „IGI Global USA“ во 2017 година.

Орчиќ има долгогодишно претприемачко искуство како сертифициран деловен консултант по ЕУ-стандарди, консултант за иновации сертифициран од Универзитетот CENTRIM (Centre for Research in Innovation Management) во Брајтон (Brighton), Велика Британија. Тој е активен учесник на меѓународни конференции кои се занимаваат со предизвици во современото работење, автор е на повеќе научни трудови на тема мерење на скриените потенцијали во компаниите, управување со човечкиот потенцијал во ерата на знаење. Своето работење Орчиќ го базира на дваесет и петгодишното претприемачко, менаџерско, менторско и научно искуство.

За сите учесници на работилницата ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.

Последен рок за пријавување: 10.10.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244067
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје