Промоција / 17.09.2019

Свечено доделување сертификати за поседување вештини за проектирање и инсталирање системи за користење енергија од ОИЕ во градби


   

Почитувани,

Во рамките на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – ТРАИНЕЕ“ (http://trainee-mk.eu/), како дел од Програмата за енергетска ефикасност заврши процесот на спроведување на пилот-обуките за проектирање и инсталирање сончеви термални и фотоволтаични системи согласно параметрите на ЕУ „Стратегијата 2020“ за енергетска ефикасност.

Целта на обуките за  проектирање и инсталирање системи за користење енергија од ОИЕ во градби е континуирано подобрување на вештините на градежните работници (инсталатери) и инженери (проектанти) за градење енергетски ефикасни објекти. Програмите за обука се развиени во контекст на барањата на ревидираната европска Директива за промовирање на користењето на енергија од обновливи извори (Directive 2018/2001/EU).

Од име на проектниот тим на „ТРАИНЕЕ“, Ве покануваме на свеченото доделување сертификати за поседување вештини за проектирање и инсталирање  фотоволтаични и сончеви термални колекторски системи што ќе се одржи на 17 септември 2019 година (вторник), со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

Во прилог е Агендата на настанот.

 

Агенда на настанот Пријави се електронски

Контакт лица:

Ивана Крстевска
++ 389 2 3244051

Јадранка Аризанковска
++ 389 2 3244038, M. 072 236 711

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015