ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија
   
15.03.2019 👁 Прочитано: 3368

ПРЕСВРТНИЦА


Една огромна благодарност до реномираниот економски магазин „Економија и Бизнис“, којшто ми овозожи да ги изнесам своите ставови и да ги споделам со јавноста и со нашето членство.

„Економија и Бизнис“
прозорец кон нашите членки

Централно место во тоа има рубриката „Breaking News from Industry“ која ми овозможува преку презентирање на сопствените активности да ги претставам најдобрите економски фирми, лидери и проекти.

За мене дилеми нема. Општиот впечаток е дека во изминатите 30 години земјите на Западен Балкан не го постигнаа очекуваниот напредок. Но сега, добиваме втора шанса, пред се’ поради променетите меѓународни околности. По влезот во НАТО нема можност за одолговлекување со структурни реформи. Тие мора да се изведат веднаш, одлучно, прецизно и во согласност со западните вредности и стандарди.

Еден Регион - Една Економија

Најдобар пример за тоа се нашите успешни компании и примерите каде компаните од Западен Балкан соработувале и во услови кога политичките односи биле на најниско ниво. Пример за тоа е соработката на нашата држава со Република Грција, Република Косово со Република Србија, Република Србија со Република Босна и Херцеговина.

Ова мора да престане итно

Значи, многу е значајно политичките елити да ја сфатат пораката на бизнисот. Да ги намалат своите суети, да ја зголемат комуникативноста и да разговараат со јазикот на бизнисот. Најлошиот индикатор на регионот и на неговиот имиџ е корупцијата во која се давиме континуирано 30 години.

Доведено е во прашање договорот за ЦЕФТА
Недоследното спроведување на Договорот на ЦЕФТА и состојбата на нашите граници е наш најголем срам. Тие три зла мора да бидат победени со подигање на нивото на животниот стандард и на бруто домашниот производ. Прашањата за пописот, децентрализацијата, изборниот модел, „сивата“ економија, контролните механизми на власта и правосудтвото за мене се клуч за почеток на решавањето на напластените проблеми.

Гости на Комората беше еден од најбогатите бизнисмени, Андреј Јовановиќ, генерален директор на холдинг компанијата „МОИ БРЕНДОВИ“

Мораме да изградиме консензус за решавање на овие прашања, во спротивно целите на Берлинскиот процес за создавање на Регионална Економска Зона (РЕЗ) ќе бидат промашени. Моите напори како претседател на Стопанската комора на Македонија и заменик-претседател на Управниот одбор на КИФ се свртени во таа насока. Во тој контекст, изминатиов период одржавме средба на КИФ во Подгорица, каде отворивме и втора канцеларија, посетата на претседателот на Стопанската комора на Косово и прославата по повод 97-годишнината на Стопанската комора на Македонија, каде на едно место се собраа најуспешните компании кои го трасираат нашиот европски пат.

Редовна консултација и со позицијата и со опозицијата

Секојдневните посети на фирмите од индустријата и извозот да искористат средства од Владата, со гордост можеме да истакнеме дека е наше дело. Беше надополнето и со средби со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, со раководството на ВМРО ДПМНЕ, н ајголемата опозициона партија, со кои се разгледани сите актуелни прашања.

После НАТО, ЕУ

П.С. Оваа недела на гости ни беше раководството на Унијата на германските комори (ДИХК), еден од нашите најзначајни партнери, со кои продолжуваме уште еден значаен проект. Гости ни беа и амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар со своите соработници, каде разменивме мислења за нашите активности до критичниот момент во месец јуни, кога треба да добиеме датум за преговори со ЕУ. Но тука не застануваме. Најавуваме присуство на „Дигиталниот самит“ во Сараево, посета на канцеларијата на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) во Трст, како и на прославата на Комората на Република Српска. На крајот најавуваме голема Арбитражна конференција и обраќање пред Регионалната “Ротари конференција“ во Скопје на 5 април 2019 година.

Еден од клучните моменти во развојот на КИФ, претседателот Азески покрена иницијатива за градење заеднички инстуитуции Арбитража и Кредитно биро, (20.02.2019, Подгорица)
Уште еден економски сојуз за развој на Западен балкан