Запознајте ги членовите на нашиот Управен Одбор, - ИЛЕ НИКОЛОВ, „АКТИВА” - ДОО Штип
➢ Актуелно (13.08.2020)
👁 Прочитано: 1904



Запознајте ги членовите на нашиот Управен Одбор, - ИЛЕ НИКОЛОВ, „АКТИВА” - ДОО Штип

Основана 1999 година, Актива ДОО Штип е компанија со разновидно производство. Започнувајќи со мини технологија и неколку вработени, во текот на своето интензивно работење, прилагодувајќи се на современите динамични текови за постигнување на понатамошен развој и потребите на пазарот, остварува силен подем и прераснува во врвен производствен капацитет во металната индустрија, вклучувајќи ги сите елементи на занаетско-завршни работи, како и производство на дел од потребната процесна технолошка опрема. 
Актива ДOO Штип  e препознатлива компанија по производството и монтажата на секаков вид челични конструкции; покривачки, фасадерски и лимарски работи со панелни системи, профилирани или пластифицирани лимови; инсталации за греење, ладење и климатизација; електрични инсталации и автоматизација, како и производство на процесна технолошка опрема за индустријата. Во својот производен програм Актива го има и целокупниот асортиман на метални носачи на кабли и додатни спојни елементи за потребите при изведба на електрични инсталации. Актива, како компанија е насочена и кон константно и континуирано подобрување и усовршување на квалитетот на производството во целина, пред се со набавката на квалитетни суровини и уште повеќе преку конзистентно инсталирање на најсовремена опрема и следење на светските трендови во оваа област, што за компанијата резултира во огромна придобивка, односно располага со завиден производствен капацитет, широк дијапазон на машински парк, сопствени авто-кранови и сопствен возен парк.
Генералниот менаџер Иле Николов е дипломиран градежен инженер зад кого стои долгогодишно работно искуство во струката, кој непрекинато вложува во одржувањето на позицијата на АКТИВА ДОО Штип како лидер на пазарот.
Иле Николов е е член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија и член на Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатниот период 2020 – 2025.

 

Служба за информирање при Комората