Зголемен е процентот на исполнетост на возилата за превоз на патници до 75 проценти
➢ Актуелно (12.08.2020)
👁 Прочитано: 1509



Зголемен е процентот на исполнетост на возилата за превоз на патници до 75 проценти

Со одлука на Влада, се овозможува зголемување на искористеност на капацитетите на автобусите од постојните 50% на 75%.

На предлог на Комисијата за заразни болести, на 80-тата седница Владата ги прифати измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници.

Откако измените на Протоколот ќе бидат и официјално објавени во службен весник, во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз ќе биде дозволено исполнетост најмногу до 75 проценти од вкупниот капацитет на возилата.

Бизнис секторот изминатиот период бараше измена на Протоколот, со образложение дека со 50% искористеност на автобусите, превозниците немаат економска исплатливост да ги стават во функција.

При тоа, компаниите превозници се на ставот дека согласно законски пропишаните норми имаат обврска да ги почитуваат здравствените препораки дефинирани во  протоколите.

Даниела Михајловска Василевска
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија