Градот Кикинда е „српски Амстердам” со 40.000 жители и исто толку велосипеди
➢ Актуелно (11.08.2020)
👁 Прочитано: 790



Градот Кикинда е „српски Амстердам” со 40.000 жители и исто толку велосипеди

Трендот со продажба на велосипеди, бележи пораст во целиот свет, дотолку што фабриките не  "можат да постигнат со производство на велосипеди и истите да ги испорачаат до дестинациите од каде што се примени нарачките. Во соседна Србија, градот Кикинда го има приматот на "српски Амстердам", токму поради фактот дека на 40.000 жители има исто толкав број на велосипеди. Овој град има исклучително уредена инфраструктура и посебно уредени велосипедски стази кои се протегаат дури и до најблиските гранични премини.

Со зголемување на бројот на велосипеди, зголемена е и потребата од нивно редовно сервисирање и поправки кои пак овозможуваат работа и за оние кои економската егзистенција ја имаат во одржувањето на велосипеди.Во светот, најмногу велосипеди по жител брои Холандија, односно на 17 милиони жители, Холандија има 22.5 милиони велосипеди.

Служба за информирање при Комората