„СИГНАЛ“ - Нов КИФ билтен за ЕУ регулатива

   

👁 Прочитано: 892


„СИГНАЛ“ - Нов КИФ билтен за ЕУ регулатива

Како дел од активностите за зголемување на соработката меѓу 6те земји од Западен Балкан и Европската Унија, Коморскиот инвестициски форум во рамки на заедничкиот проект со DIHK- Германската комора за индустрија и трговија, започна со подготовка билтен со информации во врска со објавените ЕУ регулативи, релевантни за компаниите од регионот. Подолу можете да го видите првото издание на билтенот, коешто исто така можете да го најдете и на официјалната веб страна на Коморскиот инвестициски форум со директни линкови до законите: https://www.wb6cif.eu/signal/ .

„СИГНАЛ“ - Нов КИФ билтен за ЕУ регулатива

Со овој билтен, КИФ има за цел да им помогне на компаниите од регионот полесно да се запознаат со Европската регулатива и начинот на работење на земјите од Европската Унија, со што во блиска иднина ќе се зголеми обемот на соработка и извозот на домашни производи/ услуги со врвен квалитет на европските пазари. Информациите во билтенот ќе бидат секојдневно ажурни, согласно настанатите измени во регулативата на ЕУ.

„СИГНАЛ“ БИЛТЕН НА КИФ ОД ЗБ6
БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ ЗА БИТНИТЕ ЗАКОНСКИ АКТИ НА ЕУ
 

https://wb6cif.eu/signal/

 

15ти јан. 2020 г.

ЗЕМЈОДЕЛСТВО – Производ за здравје на растенијата
Регулатива за спроведување (ЕУ) бр. 2020/29 на Комисијата од 15.01.2020 г.

Во врска со неодобрувањето на Vitis vinifera cane tannins како основна супстанција во согласност со Регулатива (ЕК) бр. 1107/2009 на Европскиот парламент и на Советот за пласирање на производи за заштита на растенијата на пазарот.

Оваа Регулатива влегува во сила на дваесеттиот ден од денот на нејзиното објавување во Службениот весник на Европската Унија и е целосно обврзувачка и директно применлива во сите земји-членки.

За понатамошни детали, текстот на овој законски акт може да се најде на следната врвка: https://www.wb6cif.eu/wp-content/uploads/2020/01/2020.01.15-Commission-Implementing-Regulation-2020_29.pdf

 

14ти јан. 2020 г.

ЗЕМЈОДЕЛСКО-ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА – Увоз на органски производи
Регулатива за спроведување (ЕУ) бр. 2020/25 на Комисијата од 14.01.2019 г.

Изменување и исправка на Регулатива (ЕК) бр. 1235/2008 за утврдување на подробни правила за спроведување на Регулативата (ЕК) бр. 834/2007 на Советот во однос на подготовките за увоз на органски производи од трети земји.

Оваа Регулатива влегува на сила на дваесеттиот ден од денот на нејзиното објавување, додека член 2 започнува да се применува од 31 јануари, 2020 г.

За понатамошни детали, текстот на овој законски акт може да се најде на следната врвка: https://www.wb6cif.eu/wp-content/uploads/2020/01/2020.01.14-Commission-Implementing- Regulation-2020_25.pdf 

 

Коморски инвестициски форум од 6-те земји на Западен Балкан (КИФ од ЗБ6)

Регистрирано здружение на стопански комори од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија коешто формира платформа за соработка во 2017 г. во насока на нудење заеднички услуги, олеснување на меѓуделовните контакти и промовирање на регионот како единствена дестинација за инвестирање.

 

INVESTINSEE.COM  

Инвестициски портал на КИФ од ЗБ6 – сѐ на едно место за инвеститори што имаат намера да инвестираат во регионот на 3Б6


 

WB6CIF.EU

Информации за КИФ од ЗБ6, вести и проекти во развој


 

14ти јан. 2020 г.

ЗЕМЈОДЕЛСТВО – Производ за здравје на растенијата
Регулатива за спроведување (ЕУ) бр. 2020/23 на Комисијата од 14.01.2019 г.

Во врска со необновувањето на одобрението за активната супстанција thiacloprid, во согласност со Регулатива (ЕК) бр. 1107/2009 на Европскиот парламент и на Советот.

Земјите-членки треба да ги повлечат овластувањата за производите за заштита на растенијата коишто содржат thiacloprid како активна супстанција до 3 август, 2020 г.

Секој период на почек којшто е доделен од земји-членки во согласност со член 46 од Регулативата (ЕК) бр. 1107/2009 истекува до 3 февруари 2021 г.

За понатамошни детали, текстот на овој законски акт може да се најде на следната врвка: https://www.wb6cif.eu/wp-content/uploads/2020/01/2020.01.14-Commission-Implementing-Regulation-2020_23.pdf 


ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО АЛБАНИЈА

Коморскиот инвестициски форум од ЗБ6 ги повикува сите стопанственици и компании од регионот да ѝ помогнат на Албанија да закрепне од декемвриските уништувачки земјотреси и да донираат помош согласно нивните можности. Ве молиме посетете го порталот каде што ќе најдете информации како најдобро да помогнете

E-ALBANIA.AL/DONATE


 

13ти јан. 2020 г.

ЗЕМЈОДЕЛСТВО – Производ за здравје на растенијата
Регулатива за спроведување (ЕУ) бр. 2020/17 на Комисијата од 13.01.2019 г.

Во врска со необновувањето на одобрението за активната супстанција chlorpyrifos-methyl, во согласност со Регулативата (ЕК) бр. 1107/2009 на Европскиот парламент и на Советот за пласирање на производи за заштита на растенијата на пазарот и за измена и дополнување на Анексот на Регулативата за спроведување (ЕУ) бр. 540/2001 на Комисијата.

Земјите-членки треба да ги повлечат овласувањата за производите за заштита на растенијата коишто содржат chlorpyrifos-methyl како активна супстанција до 16 февруари, 2020 г.

Секој период на почек којшто е доделен од земји-членки во согласност со член 46 од Регулативата (ЕК) бр. 1107/2009 истекува до 16 април 2020 г.

За понатамошни детали, текстот на овој законски акт може да се најде на следната врвка: https://www.wb6cif.eu/wp-content/uploads/2020/01/2020.01.13-Commission-Implementing-Regulation-2020_17.pdf