Од следното лето поевтин роаминг со Грција, најавува министерот Манчевски
➢ Вести (05.12.2019)
👁 Прочитано: 2309



Од следното лето поевтин роаминг со Грција, најавува министерот Манчевски

Од следната летна туристичка сезона граѓаните ќе користат поевтин роаминг со Грција, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

– Она што можам да го најавам пред стартот на следната летна туристичка сезона е дека имаме соработка со дел од операторите кои функционираат во двете земји и дека граѓаните ќе имаат доста, доста намалени цени за роаминг со Грција, изјави Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата посветена на Стратегијата за јавна администрација 2018-2022.