Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Галерија на едукација
18.10.2019 👁 Прочитано: 149

ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

Во периодот 16-18 октомврири 2019 година, во Стопанската комора на Македонија, а во организација на Центарот за едукација и развој на човечки ресури се реализира: „ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ“ во соработка со Центарот за стручно образование и обука.

Станува збор за тридневна обука која има за цел зајакнување на врските помеѓу работодавачите од страна на побарувачката и училиштата како генератори на идната работоспособна сила, од страна на понудата на пазарот на труд. Обуката на стручен и друг кадар (ментори) се изведува согласно план и наставна програма за стручно-дидактичка обука на обучувачите од работодавачите кај кои се реализира практичната обука која е одобрена од страна на Министерството за образование и наука.

Обуката на стручен и друг кадар (ментори) претставува и еден од условите кои треба една компанија да ги исполни за да може да биде верифицирана од страна на Стопанската комора на Македонија за да бидат вклучени во процесот на практична работа.

Михајло Донев