ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Нови прописи
   
ДОНЕСЕН ПОДЗАКОНСКИ АКТ НА ЗАКОНОТ ЗА ТУТУН, ПРОИЗВОДИ ОД ТУТУН И СРОДНИ ПРОИЗВОДИ (*), објавен во „Службен весник на РСМ“ бр. 184 од 6 септември 2019 година
11.09.2019

Врз основа на член 36 став 9 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ОВЛАСТУВАЊЕ НА НАСТАВНО-НАУЧНА ВИСОКО ОБРАЗОВНА ИНСТИТУЦИЈА ОД ОБЛАСТА НА ТУТУНСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА, ПОДГОТОВКА И ЗАВЕРКА НА МОСТРИ ТУТУН

Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето за овластување на наставно-научна високо образовна институција од областа на тутунското производство за организација, подготовка и заверка на мостри тутун.

Формата и содржината на барањето од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник.

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје