ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Вести
16.08.2019 👁 Прочитано: 371

НОВА КАРГО ЖЕЛЕЗНИЧКА ЛИНИЈА ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ИСТОЧНА КИНА И УНГАРИЈА


Стартуваше нова товарна железничка линија која ги поврзува Кина и Европа. Новата рута на железнички транспорт е од градот Јинан, кој е главен град на провинцијата Шандонг во источна Кина и Будимпешта, главниот град на Унгарија.

Ова е петта товарна железничка линија што се отвара од градот Јинан кон Европа и Централна Азија, соопшти од градската канцеларија за пристаништа и логистика, додавајќи дека стоките сега можат да достигнат до 12 земји во Европа и Централна Азија преку железничките линии.

Карго-возовите оствариле 81 патување од Јинан кон Европа и Централна Азија во првата половина од оваа година, што е скоро шесткратно зголемување од пред една година. Вкупно биле пренесени 65.000 тони стока во вредност од 155 милиони американски долари.

Кинеските власти планираат да ја зголемат фреквенцијата на прекугранични возови од Јинан, а во блиска иднина се очекува да се отворат и повеќе железнички линии за товарен транспорт кон Полска и Германија.

Железничкото поврзување помеѓу Кина и Европа е значаен дел од иницијативата Еден појас, еден пат, која кинеските власти ја лансираа во 2011 година, а која подразбира милијарди евра вредни инвестиции во инфраструктурно поврзување на Кина со Европа и другиот дел од светот.

Превземено од: Извозници.мк
http://izvoznici.mk/

НОВА КАРГО ЖЕЛЕЗНИЧКА ЛИНИЈА ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ИСТОЧНА КИНА И УНГАРИЈА