Презентација 19.12.2019 ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЈМОДЕРНИ ИНОВАЦИИ ОД СВЕТОТ НА ЛОГИСТИКАТА И ТРАНСПОРТОТ

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5 кат

Почитувани,

Во соработка со Trans.eu, Ве покануваме на презентација на којашто ќе бидат претставени најновите информатички решенија во логистичко-транспортната стопанска дејност, со посебен осврт на модернизацијата на оперативните процеси, со цел оптимално трошење на време и финансиски средства.

Воедно, на презентацијата ќе може да се видат сите функционални решенија на Trans.eu TfX дигиталната платформа, класа 4.0 – најмодерен транспорт менаџмент систем со интегрираниот модул на транспортната берза на Trans.eu, односно најмодерните иновации од светот на логистиката и транспортот.

Презентацијата на Trans.eu ќе се одржи на 19.12.2019 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат.

Ве молиме, Вашето присуство на презентацијата да го најавите најдоцна до 17.12.2019 година на следниот контакт: Митко Митевски, телефон: 3244 015, е-адреса: mite@mchamber.mk


Контакт лица:

Митко Митевски
++ 389 2 3244015


Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 20.08.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ 2016 (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 24.08.2020
НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТА, ОТСУСТВО ОД РАБОТА, ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ОД ДОМА И ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВРЗ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
Семинар, 26.08.2020
ОСНОВИ НА AutoCAD
Семинар, 10.09.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина
Семинар, 18.09.2020
Практична примена на Ексел (формули, функции, пивот табели и контролни табли) со примери во магацинското работење
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“