БАРАЊАТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ ЌЕ СЕ УСОГЛАСАТ СО ИНСТИТУЦИИТЕ

   

АКТУЕЛНО / 11.11.2019
👁 Прочитано: 117


БАРАЊАТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ ЌЕ СЕ УСОГЛАСАТ СО ИНСТИТУЦИИТЕ

Денес Комисијата за јавно-приватен дијалог составена од Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори, кои се претставници на Платформата за јавно-приватен дијалог, како и претставници на државни институции одржаа работен состанок на кој се разговараше за сите досега доставени и отворени позициони документи.

Присутни на состанокот беа и претставници од Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за транспорт и врски и Министерството за животна средина и просторно планирање, кои се надлежни по однос на доставените барања во позиционите документи.

На работниот состанок во Владата на Република Северна Македонија чиј домаќин беше Кабинетот на Заменик на Претседателот на владата задолжен за економски прашања, се разговараше за барањата за подобрување на бизнис регулативата и динамика со која во наредниот период ќе бидат доставени соодветни одговори од страна на надлежните институции.

Заедничкиот заклучок е дека работата на Комисијата за јавно-приватен дијалог ќе продолжи во насока на поголема соработка за прием на доставените барања, нивно образложување како ќе влијаат позитивно на подобрување на условите за водење бизнис и како ќе се соработува на оперативно ниво за нивно усвојување и имплементирање во законската регулатива.

Позитивно беа истакнати досега прифатените барања кои се составени во позиционите документи и јавно достапни на веб страната biznisregulativa.mk, каде на транспарентен начин може да се направи преглед на описот на барањето, предложените законски подобрувања, како и одговорот од страна на надлежните органи.

Со продолжување на соработката се истакнува важноста на јавно-приватниот дијалог во процесот на промена на регулативата која го засега бизнис секторот.